Актерката и продуцентка Џенифер Лопес беше во Мексико Сити за да го промовира својот нов филм Atlas.
Еден од новинарите ја праша пред сите за бракот со Бен Афлек, што изненади многумина.
„Дали е вистина дека се разведувате со Бен Афлек?“, праша новинарот во просторијата полна со вџасени новинари, а Џеј Ло се насмеа.
„Која е вистината? За мексиканските медиуми, која е вистината за оваа ситуација?“, додаде тој.
Веднаш интервенираше Симу Љу, колега на Џенифер во новиот филм.
„Во ред, нема да го правиме ова. Ви благодариме многу, навистина го цениме тоа. Ви благодариме“, рече тој обидувајќи се да го игнорира прашањето на Џеј Ло и да премине на нова тема.
Лопес потоа се наведна кон новинарот и рече:
„Ти знаеш подобро од тоа“, по што Љу продолжи и му рече на новинарот:
„Ајде, не доаѓај со таква енергија, те молам.“
После тоа, тој го додаде следново:
„Морам да кажам уште една работа. Џен е продуцентка на овој филм и причината поради која сум тука и зошто Стерлинг беше во овој прекрасен филм е затоа што Џен е навистина константна. Џен се грижи за работи како застапеност и различност, а таа е шефицата“, рече тој.
#JenniferLopez es cuestionada por su divorico en su visita a México para el estreno de #Atlas y #SimuLiu la defiende con una gran respuesta. 👏#JLo #AtlasEnMX pic.twitter.com/r2VX3XsXwi
— Glamour Mex y Latam (@GlamourMex) May 23, 2024