Дневен хороскоп: Што ве очекува во последниот понеделник во февруари?

Овните денес подобро да не се фаќаат за џеб, а Лавовите се растргнати со обврски, убави вести за Стрелците...

Каков ден е пред вас? Што ви предвидуваат ѕвездите за последниот понеделник во февруари?

ОВЕН

Денес бидете внимателни кога станува збор за инвестирање, но и трошење пари, бидејќи лесно може да се случи потенцијалниот профит да се претвори во загуба. Ако не сте подготвени за можноста да изгубите, не ни започнувајте. Добри односи со саканата личност, но постои скриена љубомора.

БИК

Денеска сè што имате на ум се деловни проекти и начини на кои можете да добиете пари. Ви тежи некој долг што се обидувате да го решите што е можно побрзо. Сепак, ќе имате време и за слатки флертувања со спротивниот пол. Врската со емотивниот партнер е одлична.

БЛИЗНАЦИ

Имате позитивно расположение затоа ќе биде лесно да се справите со каква било напната ситуација на работа. Во суштина сте смирени, бидејќи сфаќате дека не вреди да се нервирате за некои моменти со колегите. Ќе ве контактира личност која многу ви се допаѓа, но сè ќе остане само на ниво на комуникација.

РАК

Како што напредува денот, така ќе бидете расположени за работа. Веројатно ќе направите најмногу во последните часови, а на некои нема да им биде тешко да донесат дел од работата дома или да завршат некои обврски по работното време. Преокупирани сте со мисли за поранешен емотивен партнер.

ЛАВ

Денес сте под голем притисок, имате обврски на сите страни, како и неочекувани ситуации кои ќе бидат на дневен ред секој час. Не одложувајте, имате доволно енергија да завршите многу работи. Не оставајте ништо за утре. Лесно флертувате и можно е повеќе луѓе да го привлечат вашето внимание.

ДЕВИЦА

Ве вознемируваат неизвесностите за плановите што ви значат. Ќе бидете загрижени дали ќе успеете да завршите сè на време. Треба да бидете подобро организирани и сè ќе се реши повеќе од погодно за вас. Во вториот дел од денот, излезете со пријателите и обидете се да шармирате некого.

ВАГА

Некои важни информации стигнуваат до вас во текот на денот, и можат да бидат поврзани со финансискиот сегмент, но и со потврда на договорот што со нетрпение го очекувавте. Денот е добар и за комуникација со личноста што ве интересира. Ќе привлечете внимание со вашите постапки и пораки.

СКОРПИЈА

Еден договор денес ви носи корист и ќе ви даде голема надеж дека ќе можете да го постигнете она што го сакате. Некои од вас исто така ќе имаат и финансиска поволност. Ќе ви биде тешко да ги исполните желбите и потребите кон емотивниот партнер. Можност за љубомора и посесивност.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете задоволни од некои информации што ќе стигнат до вас, но сепак не сте сигурни дали можете да се опуштите. Не грижете се, повеќе од веројатно е дека информациите што доаѓаат до вас се точни. Добар ден за контакт со спротивниот пол. Освојувате без проблем. Во емотивните односи мирна состојба.

ЈАРЕЦ

Чувствувате дека сте неосновано запоставени во деловен договор или проект. Сепак, ќе ви биде полесно кога ќе се свртите кон некој што е емотивно важен за вас. Во вашиот ум, можете да се вратите во минатото, дури и да се обидете да комуницирате со поранешен партнер.

ВОДОЛИЈА

Денеска најдобро би било да правите избрзани и импулсивни чекори. Решение за некои ситуации ќе добиете само ако застанете и размислите. Потреба за поголема организација. Навистина ви се допаѓа комуникацијата што ја имате со една личност, но не сте сигурни во која насока се одвива сето тоа.

РИБИ

Вистинско време за комуникација од сите видови. Денес е време за состаноци и деловни договори. Доколку сте доволно ангажирани, ќе ве следи финансиски прилив преку приватни деловни активности. Повеќе сте свртени кон пријателите отколку кон емотивниот партнер, потребен ви е совет поврзан со љубовта.

Автор: Олга Савиќ

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе