Доктор објаснува како пушењето цигари неповратно ви ги уништува вените

Речиси половина од возрасната популација во Македонија, или 45,4 проценти, се редовни пушачи на цигари, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Од нив, 70 проценти почнале да пушат пред да наполнат 21 година, а мажите пушат повеќе од жените.

Светската здравствена организација наведува дека Македонија е меѓу земјите во европскиот регион на СЗО со највисок процент од граѓаните кои пушат тутун и наведува дека земјата и натаму несоодветно ги спроведува мерките за контрола на тутунот и покрај тоа што во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот (FCTC).

Пушењето носи сериозни здравствени ризици, а особено е штетно за вашите вени.

Васкуларниот хирург, д-р Дарио Јоциќ, открива детали за тоа како оваа лоша навика влијае на вашиот васкуларен систем.

„Најпрво би издвоил три негативни ефекти кои пушењето ги има на крвните садови воопшто. Тоа се стеснување на крвните садови, оштетување на внатрешните ѕидови на крвните садови и зголемен ризик од формирање на згрутчување на крвта“, вели д-р Јоциќ.

Хемиските материи од чадот од цигарите доведуваат до стеснување на крвните садови, ограничувајќи го протокот на крв.

Состојките на чадот од тутунот, како и пареата што се ослободува во електронските цигари, содржат хемиски супстанци кои предизвикуваат воспалителни процеси на внатрешните ѕидови на крвните садови, што доведува до трајно оштетување. Исто така, споменатите хемиски супстанци ја зголемуваат можноста за создавање на тромб, згрутчување на крвта, што може сериозно да го загрози здравјето и животот на пушачот.

Штетното дејство на пушењето врз срцето и крвните садови не само што е познато долго време, туку и добро документирано во медицината.

Чадот од тутун содржи стотици хемиски супстанции, вклучувајќи го и никотинот, кој предизвикува стеснување на крвните садови.

Никотинот, присутен во двата вида цигари, има особено деструктивно дејство врз васкуларниот систем. Го стимулира ослободувањето на адреналин, што го зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Овој постојан стрес на кој се изложени ѕидовите на крвните садови може да доведе до нивна дисфункција и зголемен ризик од развој на сериозни васкуларни заболувања.

Стеснувањето на вените го отежнува нормалниот проток на крв назад во срцето, додека со текот на времето ѕидовите не ослабат и венските залистоци во нив не попуштат. Потоа доаѓа до прекин на враќањето на крвта во срцето, но и акумулација на крв во нозете, што доведува до проширени вени.

Електронските цигари предизвикуваат воспаление во вените

Истражувањата покажаа дека електронските цигари, иако често се гледаат и промовираат како „безопасна“ алтернатива на традиционалните цигари, исто така имаат сериозни последици по здравјето на крвните садови.

Д-р Јоциќ истакнува дека состојките како пропилен гликол, глицерин и разни ароми можат да предизвикаат воспаление во вените, да го попречат нормалниот проток на крв и да создадат наслаги кои ја отежнуваат работата на крвните садови.

Д-р Јоциќ нагласува дека е важно да се разбере дека пушењето, без разлика дали се традиционални или електронски цигари, не влијае само на белите дробови, туку има сериозно влијание врз целокупното кардиоваскуларно здравје.

„Вените се клучен дел од нашиот васкуларен систем, а пушењето може да доведе до нивно трајно оштетување. Ова е аларм за сите, без разлика на возраста и полот“, предупредува д-р Јоциќ и додава:

„Полесно е да се откажете од пушењето отколку да се лечат последиците, вклучително и оштетувањето на крвните садови. Ако не можете да исклучите некои фактори на ризик, како што се генетиката, полот или возраста, барем обидете се што можете за да ги елиминирате ризиците кои зависат само од вас.“

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе