Доживотен затвор за авторката на How to Murder Your Husband за убиство на нејзиниот сопатник

Ненси Кремптон-Брофи, авторка на есејот „How to Murder Your Husband“ (Како да го убиеш сопругот), е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави CNN.

Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Дениел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година.

Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина.

Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната Кремптон-Брофи не одела најдобро. Обвинителите тврдеа дека тој бил осигуран на повеќе од еден милион долари.

Обвинетата при сведочењето изјави дека финансиски била подобра додека нејзиниот сопруг бил жив. Фактот што нејзиниот миниван е виден близу училиштето, таа го препишува на коинциденција.

Се верува дека авторката го следела сопругот на работа и пукала во него со пиштол глок. Крептон-Брофи исто така имала и делови за „пиштол дух“, нерегистрирано оружје што не може да се следи.

Авторката се бранеше дека купила оружје како дел од пишувањето за нејзината нова книга.

„Тоа беше за пишувањето, а не, како што верувате, за да го убијам мојот сопруг“, појасни Крептон-Брофи.

Во 2011 година, таа на блог објави текст со наслов „How to Murder Your Husband“.

„Бидејќи пишувам дела со содржина што спаѓа во романтична неизвесност, поминувам доста време мислејќи за убиство и следствено, за полициската процедура“, започнува текстот.

Есејот е поделен на делови со детали за добрите и лошите страни на убиство на злобен сопруг.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе