Двата најпознати прсти: Која симболика се крие зад познатата слика на Микеланџело?

Два прста што речиси се допираат, а чија симболика ја претставува љубовта на Отецот, но и јазот меѓу божественото и човечкото.

Во 1508 година Микеланџело Буонароти имал 33 години. Немал искуство во фрескоживописот, но по барање на папата Јулиј II морал да наслика таван од 600 метри квадратни, висок 18 метри. Кога конечно завршил со сликањето во 1512 година, секој што се нашол под сводот на Сикстинската капела останувал без здив.

Во центарот на композицијата се девет сцени од книгата „Битие“: создавањето на небото и земјата, Адам и Ева, приказната за Ное. Но и фреската Создавањето на Адам, каде Бог се обидува да ја допре раката на човекот. Со текот на времето, ова ремек-дело станало едно од најпознатите слики во историјата на светското сликарство.

На неа се гледа како Бог, носен од ангели, ја пружа раката. Додека зад него стојат голи фигури, од кои една според многу историчари на уметност е и Ева. За разлика од нивните љубопитни очи, тука е Адам, кој лежи на Земјата и навидум едвај ја подава раката за да ја прими „животната искра“ од Бога.

Иако главниот дел од композицијата го сочинуваат Бог на овал од едната страна и Земјата со Адам од другата страна, меѓу нив е синото небо на кое се наоѓаат рацете. Всушност, тоа е точката каде што се спојуваат двете енергии и го претставува делот каде симболично стои љубовта на Отецот и вечниот јаз меѓу божественото и човечкото.

Remote video URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе