Двојни аршини: Ноле дисквалификуван, а Федерер помина без опомена

Спортскиот свет, а особено тениските фанови, уште се во шок од вчерашната дисквалификација на Новак Ѓоковиќ од УС Опен.

Во официјално соопштение, челниците на овој Грен слем турнир ги објаснија причините зошто српскиот ас е исфрлен од турнирот.

Американците објаснија дека Ноле ќе биде исфрлен бидејќи ја удрил линиската судијка со топче, дека ќе му бидат одземени сите поени што ги заработи на годинашниот турнир, како и бодовите што ги сообра.

Remote video URL

Американските медиуми наведуваат дека Ѓоковиќ го молел главниот судија да ја промени одлуката и да не го дисквалификува од турнирот, но судијата наводно му рекол дека немал друг избор.

Ѓоковиќ се извини за немилиот настан преку социјалните мрежи, но неговите фанови сметаат дека му било пресудено престрого, особено имајќи предвид што друго досега судиите превиделе или избрале да не санкционираат.

Како најдобар пример фановите ја наведуваат ситуацијата од пред повеќе од десет години на Австралија Опен, кога Роџер Федерер погоди едно од децата кои собираат топки на теренот.

Remote video URL

Ситуацијата со Федерер беше сфатена како на шега, па дури и со коментари дека детето било „среќно што го погодило топка на Федерер“.

Швајцарецот не доби ниту опомена, а Ноле беше дисквалификуван и неславно се повлече иако беше прв фаворит за трофејот во Њујорк.

Што мислите вие? Дали има двојни аршини кога станува збор за Ѓоковиќ?

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе