Европскиот парламент остана без пратеници Роми

Макфакс
/ 16.06.2024 / 10:50

Со приближно 10 до 12 милиони жители во Европа, од кои околу 6 милиони живеат во ЕУ, Ромите се едно од најбројните европски етнички малцинства. Сепак, во новиот состав на Европскиот парламент, избран минатата недела, првпат по 2004 година нема ниту еден европратеник припадник на ромската заедница.

Еден од најгласните застапници за правата на Ромите во Европскиот парламент досега беше Интергрупата за антирасизам и различности (АРДИ), чии цели се промовирање на расната еднаквост и информирање за проблемите со кои се соочуваат малцинствата. Без претставници на Ромите во ова тело, постои стравување од потенцијално поместување на приоритетите, како и намалување на сфаќањето на вистинските предизвици со кои се соочува ромската заедница.

Вклучувањето на претставниците на Ромите во процесот на одлучување би овозможил посеопфатно разбирање за потребите на заедницата, која има тешка историја низ целиот европски континент. Припадниците на ромската заедница се соочуваат со дискриминација низ цела Европа – 68% од Ромите предвремено го напуштаат образовниот систем, а 80% од нив живеат под прагот на сиромаштија.

Ваквите предизвици се вкоренети во стотиците години систематски предрасуди и социјална исклученост, кои продолжуваат да се одржуваат дури и до денес.

Една од земјите со процентуално најголема застапеност на Ромите во ЕУ е Романија. Според официјалните статистичките податоци 2,99% од жителите на Романија се Роми, но според ромските организации реалната стапка на припадници на ромската заедница во земјата надминува 8% од вкупното население. Но, меѓу кандидатите за европратеници од Романија немаше ниту еден Ром, што е уште еден доказ за маргинализација на ромската заедница во земјата.

За споредба, унгарското малцинство кое сочинува 5,25% од населението, освои 2 од вкупно 33-те романски европратеници.

Отсуството на ромски кандидати за европратеници може да се припише на предизвиците со кои се соочуваат Ромите во политичкото мобилизирање, како поради систематското угнетување кое го одржува циклусот на сиромаштија во заедницата, така и поради бројните стереотипи кои ги спречуваат гласачите да се одлучат за ромските партии.

реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: Има загинати

Read more

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Read more

Свет

Мексиканскиот Залив стана Американски на Google Maps

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Read more

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Read more
 

Вести

Маж оштетил надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров

Читај повеќе

Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

Мексиканскиот Залив стана Американски на Google Maps

Читај повеќе

Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи - предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените

Читај повеќе

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Читај повеќе

Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територијата на целата држава

Читај повеќе

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Читај повеќе

Во конзервираната туна присутна голема концентрација на жива - Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

Читај повеќе

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Читај повеќе