Новак Ѓоковиќ без загубен сет се пласираше во третото коло на Вимблдон и ќе игра против најдобриот од мечот во кој Аргентинецот Томас Мартин Ечевери, 20-от носител на турнирот, и Стен Вавринка, некогаш трет, а сега 87-ми играч на светот.

Роџер Федерер зборуваше за шансите за триумф на Ѓоковиќ на лондонскиот Грен слем.
Пензионираниот швајцарски гениј осум пати освојуваше титули на Вимблдон, а оваа година на Ѓоковиќ му нуди шанса да го израмни тој рекорд. Федерер тврди дека српскиот тенисер е голем фаворит на турнирот, додава дека би било изненадување доколку не го освои и открива дека се надева дека ќе успее.
„Имав мои моменти - пет последователни титули на Вимблдон и вкупно осум. Ако некој успее да го израмни или надмине тоа, тоа е негова работа и негов момент. Искрено, се надевам дека ќе успее. Сè што прави гради тениска историја и го надминува тенисот". рече Федерер и додаде:
„Како и неговата 23. Гренд слем титула на Ролан Гарос. Неверојатно е тоа што го прави, тоа е одлична вест и е добро за играта. Мислам дека тој е голем фаворит и би бил изненаден ако не биде овогодинешниот победник на Вимблдон.“
Ѓоковиќ во кариерата освои 23 Грен слем титули, три повеќе од Федерер и една повеќе од Рафаел Надал.