Фрагмент од Библијата избришан пред 1500 години откриен во Ватиканската библиотека

Австриски научник дошол до неверојатно откритие во Ватиканската библиотека – ново поглавје од Библијата во превод на класичен сириски јазик кое било избришано пред повеќе од 1500 години, пренесува The New York Post.

Григори Кесел, експерт за средновековието од Австриската академија на науки, го открил избришаниот фрагмент благодарение на користењето ултравиолетово светло при анализата на ракописот и на своето длабоко познавање на старите сириски текстови и карактеристиките на писмото.

Кесел го открил тексот како трет слој на ракопис т.е. двоен палимпсест.

Фрагментот е досега единствениот познат остаток од четвртиот ракопис што ја потврдува класичната сириска верзија и нуди уникатен увид во најраната фаза од историјата на текстуалното пренесување на евангелијата.

„Ова откритие докажува колку продуктивна и важна може да биде интеракцијата помеѓу модерните дигитални технологии и фундаменталните истражувања кога станува збор за средновековни ракописи,“ рече Клаудија Рап, директорка на Институтот за средновековни истражувања при Австриската академија на науките.

Древниот текст кој датира од III век ги содржи 11. и 12. поглавје од Евангелието по Матеј – едно од четирите евангелија од Новиот завет на Библијата- и претставува еден од најраните преводи на тоа евангелие.

Текстовите од Новиот завет се напишани во годините по Исусовото распнување.

Текстот бил избришан во VI век, а преку него бил напишан друг текст. Скриениот текст го избришал писар во Палестина, што било вообиачена практика во тоа време зашто пергаментот бил редок, па често биле бришени ракописи за повторна употреба на пергаментот.

Овој текст бил напишан најмалку еден век пред најстарите грчки ракописи што преживеале низ вековите, вклучувајќи го и Синајскиот ракопис (Codex Sinaiticus).

Кесел сега успеал да ги открие избришаните зборови, а неговите откритија се објавени во списанието New Testament Studies.

„Традицијата на сириското христијанство познава неколку преводи на Стариот и Новиот завет, а до неодамна се знаеше дека само два ракописа содржат старосириски првод на евангелијата“, вели Кесел.

Еден од ракописите сега се чува во Британската библиотека во Лондон, вториот е откриен како палимпсест во манастирот Света Катерина на планината Синај, а неодамна беа откриени и фрагменти од трет ракопис во раките на проектот „Синајски палимпсести“.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Вести

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Read more

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Read more

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Read more

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе