КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Фудбалерите загубија од Украина, шансите за пласман на ЕУРО сега се теоретски

Филип Здравески
/ 14.10.2023 / 17:03

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во Прага одигра добар натпревар, но не успеа да реализира ниту една од многуте шанси и на крајот загуби со 2:0 од Украина.

Фото: ФФМ

На „епет Арена“ во Прага селекторот Благоја Милевски се одлучи да почне со истите 11 кои истрчаа против Италија минатиот месец, со тоа што место повредениот Ѓоко Зајков почна Никола Серафимов. Значи, на голот стандардниот Столе Димитриевски, во одбраната Јован Манев, Висар Муслиу и Никола Серафимов, по латералите лево Езѓан Алиоски, а десно Стефан Ашковски, во средината капитенот Енис Барди, Јани Атанасов и Агон Елези, а во нападот Елиф Елмас и Бојан Миовски.

Украинците од почеток го земаа поседот и ја нагазија топката. Првата шанса ја имаше Довбик во 12. минута, но Димитриевски одбрани. Четири минути подоцна Мудрик се проби по левата страна, но Димитриевски одлично одбрани. Првата шанса Македонија ја имаше во 22. минута кога по една контра Миовски беше побрз од домашната одбрана, но од тежок агол упати лесна топка за голманот Трубин.

По точно половина час игра Украина поведе од шанса која воопшто не изгледаше ветувачка. Всушност, Украинците ја загубија топката, но потоа Атанасов им ја врати реагирајќи лошо пред шестнаесетникот, Зинченко ја зеде, додаде до Судаков кој упати удар што не ветуваше, но по пат топката го погоди Серафимов, го смени правецот и заврши во мрежата на спротивната страна од Димитриевски.

Потоа Македонците заиграа поофанзивно и создадоа неколку добри шанси. Прво во 36. минута Миовски повторно ѝ избега на украинската одбрана, се обиде да му ја протне топката низ нозе на Трубин, но украинскиот голман го прочита. Во наредната минута Ашковски и Миовски одиграа дупла, па Ашковски од десно излезе пред гол, но повторно Трубин одбрани. Во 44. минута и Елмас имаше удар надвор од шестнаесетникот, но непрецизен.

На паузата Милевски одлучи да направи две замени: влегоа Дарко Чурлинов и Бојан Димоски, а излегоа Јован Манев и Стефан Ашковски.

Во вториот дел се врати и дождот кој непрестајно врнеше. Македонија од почеток тргна офанзивно, како што и го заврши првиот дел. Во 53. минута Чурлинов одлично пенетрираше во домашниот шестнаесетник, упати одличен удар, сите ја видоа топката в гол, но Трубин некако сепак успеа да одбие во корнер. По корнерот Муслиу се обиде со ножички, но непрецизно.

Украинците веќе играа на контри, бидејќи Македонија ја имаше топката. Така, Мудрик имаше една добра шанса во 59. минута кога Довбик поита во контра, го проигра, но Димитриевски одлично одбрани исфрлајќи во корнер. Го изведе Зинченко, нафрли во казнениот простор каде Матвијенко со глава ја погоди пречката.

До крајот Македонците како да се уморија, упатуваа слаби удари и често грешеа во додавањата, иако ја имаа топката. Украина на контри повторно се обидуваше, а една таква длабоко во судиското надополнување се претвори во гол. Каравајев го мина Димоски по левата страна, забележа дека Димитриевски е излезен и шутираше од далечина во небранетата мрежа.

Македонија останува на само 7 бодови со два натпревара до крајот. Украина има 10, Англија е прва со 13, додека Италија исто така има 7, но вечерва игра против Малта.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе