КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Гатузо: Фудбалскиот Бог секогаш ја наградува добрата работа

Џенаро Гатузо ги дочека своите пет минути како тренер откако на Наполи му ја донесе шестата титула во Копа Италија совјадувајќи го Јувентус во финалето.

„Тренирам екипа составена од вистински мажи и шампиони. Овој успех го заслуживме бидејќи работевме напорно не оставајќи ништо на случајноста. Му благодарам на Де Лаурентис што ми даде шанса да ја тренирам оваа група“, рече Гатузо по финалето.

Прв трофеј за потценетиот тренер Гатузо. Кога лани го замени искусниот Карло Анчелоти на клупата на тимот од градот под Везув, мнозинството велеа дека тоа е голем чекор назад за Наполи бидејќи Гатузо едноставно не е достоен да предводи голем клуб.

Синоќа популарниот Рино ги замолкна сите. Играта која ја постави тотално го спречи Јувентус да создаде сериозни шанси, Наполи имаше повеќе шанси за гол и лесно можеше да победи и во регуларните 90 минути.

„Животот ми даде многу повеќе отколку што направив јас. Фудбалот ме направи човек, а јас многу малку дадов за возврат. Смртта на мојата сестра беше тежок период, никогаш нема да ја преболам“, почнува Џенаро кој неодамна ја загуби својата 37-годишна сестра.

„Секој што ја врши оваа професија мора да има почит: поради тоа многу пати сум лут, го правев тоа многу години. Од моите играчи барам да покажат дека се дел од тимот, како и почит. Мора да се работи сериозно, а потоа секогаш има по некој фудбалски Бог доколку работиш добро“, истакна тој.

Со триумфот во купот Наполи ја оствари зацртаната цел за оваа сезона. Но, како што стојат работите, тимот ќе извиси за Лигата на шампиони за наредната сезона. На табелата е на 6. место со дури 9 помалку од Аталанта која е четврта. Гатузо ветува дека ќе се обидат да го направат невозможното и повторно да се пласираат во Лигата на шампиони.

„Соништата се многу важен дел од животот: наша должност е преостанатите 12 натпревари да ги одиграме со почит. Имаме многу фудбалери, секој ќе има шанса, имаме должност да се обидеме“, вели тој.

Наполи сезонава сѐ уште не испаднал од најеминентното европско клупско натпреварување. Во август го чека реванш со моќната Барселона на гости, а првиот дуел во Неапол заврши 1:1.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе