Газдата на Манчестер Сити си го купи пехарот од ФА купот

Шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан си го купи историскиот втор пехар од ФА купот, најстарото фудбалско натпреварување на светот.

Богатите сопственици на десетината клубови ширум светот често се обвинувани дека со парите го купуваат успехот. Епа, газдата на Манчестер Сити отиде чекор понапред и си го купи самиот пехар.

Се работи за историски пехар кој му се доделувал на победникот на ФА купот од 1896 година до 1910. Тоа е втор ФА куп пехар направен бидејќи првиот бил украден една година претходно. Не останувал во трајна сопственот на освојувачот кој имал обврска наредната сезона да го врати.

Шеикот од Емиратите го купи на аукција, а се наоѓа во Националниот фудбалски музеј во Манчестер, каде и ќе истане како донација од Манчестер Сити.

„Граѓаните“ го имаат подигнато токму овој пехар во далечната 1904 година кога и за прв пат триумфираа во Фа купот. Фактички, пехарот кој се чуваше една сезона сега Сити си го купи за во трајна сопственост.

„Купот е вистински сведок на богатата и долга историја на англискиот фудбал каде Манчестер Сити е неразделно испреплетен. Освојувањето на овој пехар во 1904 била пресвртна точка за клубот и за градот Манчестер така што го зацементирало фудбалот во срцето на заедницата“, рече клупскиот директор Халдон Ал Мубарак за клупската веб-страница.

„Мислењето на Шеикот Мансур е дека пехар со таква културолошка значајност мора да биде споделен со луѓето од Манчестер, англиското фудбалско семејство и сите оние кои ја сакаат англиската игра. Националниот фудбалски музеј има уникатна можност тоа да го направи“, додаде тој објаснувајќи зошто пехарот ќе остане таму каде што е, а не во клупските витрини.

Клубовите од градот Манчестер имаат вкупно 18 титули во ФА купот. Сити има 6, додека Јунајтед дури 12, а првпат „Црвените ѓаволи“ победиле во 1909 година. Имаат играно вкупно 31 финале бидејќи Јунајтед има 8 порази, а Сити 5.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе