Германија не чекаше долго: Суспендиран гасоводот Северен поток 2

Сојузниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, најави дека земјата на одреден период ќе го прекине пуштањето во употреба на гасоводот Северен поток 2 поради неодамнешните активности на Русија во источна Украина.

Според германските медиуми, Шолц денеска изјавил дека поради руското признавање на Доњецк и Луганск, одлуката за сертификација на руско-германскиот гасовод ќе биде ставена во мирување.

„Како одговор на руските активности во Украина, федералната влада го затвора проектот за гасоводот Северен поток 2. Без таа потврда, Северен поток 2 не може да започне со работа“, објаснуваат германските медиуми.

Според Frankfurter Allgemeine Zeitung , Шолц денеска побарал од Министерството за економија да го повлече постоечкиот извештај за анализа на безбедноста на снабдувањето, кој е клучен документ во сертификацијата „Северен поток 2“.

„Можеби звучи технички, но тоа е неопходен административен чекор без кој гасоводот не може да се сертифицира. Без сертификација, Северен поток 2 не може да биде пуштен во употреба“, рече Шолц.

Според Министерството за економија, надлежните од овој сектор во наредниот период ќе направат нова проценка за безбедноста на снабдувањето, имајќи ги предвид сите факти и настани во последните неколку дена.

„Во оваа фаза сега е важно, покрај првите санкции, да се спречи понатамошна ескалација, а со тоа и нова катастрофа. Сите наши дипломатски напори се насочени кон таа цел“, објасни Шолц.

Проектот „Северен поток 2“ од самиот почеток не наиде на одобрување кај западните сојузници, кои на него гледаа проект со кој Русија сака да го прошири своето економско и политичко влијание во Европа.

Во последните неколку месеци, откако конфликтот во источна Украина повторно ескалираше, многу западни претставници истакнаа дека блокадата на проектот Северен поток 2 мора да биде дел од санкциите што Западот би можел да ги искористи против Русија.

Иако новата германска влада беше претпазлива за суспендирање на проектот, неодамнешните руски активности и признавањето на Доњецк и Луганск како независни територии ја принудија германската федерална влада да го забрза процесот на санкции, кој ќе го вклучи и контроверзниот проект Северен поток 2.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе