Гол каков што се постигнува еднаш во животот
Деновиве се актуелни квалификациите за светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година, а во текот на репрезентативните натпревари беа постигнати неколку одлични голови. Сепак, потегот Квинси Промес од Холандија ќе остане запаметен како неверојатен погодок.
Фудбалерот на Спартак од Москва, против Белорусија даде два гола, а првиот од нив го постигна така што дури на тројца противнички фудбалери им ја протна топката низ нозете.