Голема анализа: Кои се најголемите маани на секој хороскопски знак?

Хороскопскиот знак на кој припаѓате според Зодијакот не може целосно да ве дефинира, но може да каже многу за вас.

Покрај заедничките доблести кои ги красат припадниците на секој знак, имаме и маани и негативни страни што ги делиме со другите луѓе кои припаѓаат на истиот хороскопски знак како нас. Во новата година влезете со поголема самосвесност и фокус кон подобрување на самите себе. Направете интроспекција и послушајте го советот на ѕвездите што треба да промените кај себе за да имате похармонични односи со вашата средина.

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода.

ВОЗДУШНИ ЗНАЦИ

Воздушните знаци  - Близнаци, Вага, Водолија - се сметаат за знаци со мисловна енергија. Воздухот е недопирлив и невидлив елемент. Воздухот може да го распали огнот, да ги расфрли камењата, да ги разбрани водите. Со други зборови, најблиску ги допира останатите три елементи. Близнаците ја смислуваат идејата, Вагата ја премерува идејата, Водолијата ја спроведува.

Покрај сите нивни атрибути и доблести, припадниците на овие знаци имаат и негативни карактеристики.

БЛИЗНАЦИ

1) Не може да се потпрете на нив, може да се премислат во последен миг.

2) Секој ден, а некогаш и секој миг, мора да ги анализирате како се расположени за да знаете како да се поставите со нив.

3) Шармираат лесно и умешно, а ретко го исполнуваат ветеното.

4) Брзо им досадува сѐ, па може да се чувствувате како да не сте им забавни, ни потребни.

5) Ништо не завршуваат до крај.

ВАГА

1) Вагите добро знаат што сакате да слушнете, па често знаат да кажат нешто што не го мислат.

2) Сакаат игри, да наградуваат и казнуваат, а се и вешти манипулатори, особено како партнери.

3) Лесно може да се свртат против вас ако им згрешите, одмаздољубиви се.

4) Опседнати се со надворешниот изглед и често го бараат тоа „совршенство“ и од партнерите.

5) Не се упорни, ни истрајни, освен ако немаат корист од тоа. Често се жалаат, ако има кој да ги слуша.

ВОДОЛИЈА

1) Водолиите живеат во свој свет, па често делуваат дистанцирано и незаинтересирано.

2) Сакаат да држат предавања бидејќи се убедени дека знаат сѐ.

3) Имаат многу пријатели, но ретко имаат другари. Како партнер на Водолија, ќе запознавате многу луѓе и може да се чувствувате вишок во нивно друштво.

4) Тврдат дека се либерални и прогресивни, а нивната тврдоглавост и непоместливи ставови ги прави да делуваат многу конзервативно.

5) Секогаш ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат.

ОГНЕНИ ЗНАЦИ

Огнените знаци – Овен, Лав, Стрелец – важат за страсни, возбудливи и амбициозни, но исто така и за избувливи, тврдоглави и нетолерантни. Ова се нивните најголеми маани поради кои можат да ги оддалечат луѓето во нивните животи, но оваа листа може да им послужи и за да го тргнат егото настрана (да, Лавови, тоа особено важи за вас) и да го сменат своето однесување.

ОВЕН

1) Овните имаат најексплозивен темперамент од сите знаци во Зодијакот и тешко го контролираат бесот.

2) Често се однесуваат незрело.

3) Лесно се возбудуваат кога почнуваат нешто ново, но брзо губат интерес.

4) Напорно нестрпливи се – секогаш сакаат сѐ да добијат во истиот момент кога го побарале.

5) Знаат да бидат егоистични и не знаат да се стават во туѓа кожа.

ЛАВ

1) Во врска, ретко ќе се чувствувате сигурно со нив бидејќи обожаваат да флертуваат.

2) Секогаш ќе имате чувство дека вие сте партнерот кој сака повеќе во врската и ќе се натпреварувате за внимание со – самите нив.

3) Ретко ќе признаат дека не се во право, а и кога ќе признаат, не веруваат во тоа, туку го прават за да се покажат како мудри и флексибилни.

4) Знаат да бидат арогантни и нетактични.

5) Мора да бидат во центарот на вниманието, па како нивни браќа или сестри, партнери, другари или колеги, секогаш ќе бидете во нивна сенка.

СТРЕЛЕЦ

1) Стрелците сакаат да зборуваат, но не знаат да слушаат.

2) Очекуваат другите да ги анимираат, а ако не им е забавно – кукаат.

3) Стрелците мислат дека знаат сѐ и речиси никогаш не сакаат да прифатат нови информации и промени.

4) Знаат да бидат премногу директни и бесчувствителни.

5) Сакаат да бидат доминантниот партнер во врската и не се флексибилни.

ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ

Земјените знаци се сметаат за знаци со приземна енергија. Земјата е цврст елемент, материја што може да се фати, за разлика од огнот, воздухот или водата. Земјата е отпорна на огнот, воздухот не ја придвижува, но затоа водата може да ја натопи. Сите земјени знаци ги ценат нештата со смисла, го ценат видливото, материјалното, она што може да се допре, да се види, да се чуе или да се вкуси. Тие стојат цврсто на земја, практични се и конструктивни.

Покрај сите нивни доблести, земјените знаци имаат и свои карактеристични маани на кои би можеле да поработат за да не ги оддалечуваат луѓето околу нив.

БИК

1) Не очекувајте да победите во расправија со Бикови, бидејќи се многу тврдоглави. Не попуштаат, ни во ситуации кога не се во право.

2) Мрзливи се кога станува збор за обврски во домот.

3) Нивните желби и потреби секогаш се на прво место.

4) Знаат да бидат многу здодевни и да влезат во рутина.

5) Тешко се отвораат и зборуваат за своите чувства.

ДЕВИЦА

1) Девиците претеруваат во анализирање и осудување на туѓото однесување.

2) Секогаш очекуваат другите да бидат иницијатори, и во работата и во врските.

3) Тешко комуницираат и по расправија знаат да се однесуваат како мали деца.

4) Иако се пожртвувани, често се несигурни и очекуваат другарите/партнерите да им дадат сигурност, но нема директно да ја побараат.

5) Ако не живеете по строгите, перфекцонистички правила на Девицата, ќе приговара секој ден додека не попуштите.

ЈАРЕЦ

1) Работата секогаш им е на прво место, пред партнерот и семејството.

2) Сакаат сѐ околу нив да е под нивна контрола.

3) Често не можат да се опуштат и да бидат спонтани, поради што врската со нив може да стане здодевна и предвидлива.

4) Ги анализираат и памтат сите ваши грешки и никогаш ништо нема да ви заборават.

5) На нивниот став не може да се влијае, ви останува само да се прилагодите. Ако сакате.

ВОДЕНИ ЗНАЦИ

Водените знаци се сметаат за знаци со емотивна енергија. Водата е манифестација на емоции и чувства, и сите водени знаци плачат, било буквално или метафорички. Имаат бујна фантазија, која често ги доведува до сожалување: за своите деца (Ракот), за својата невиност (Скорпијата) или за светската болка (Рибите). Сите тие се во движење, а ние сме „придвижени“ од чувствата и од најдлабоките несвесни инстинкти.

Сепак, и овие емотивци имаат маани и негативни страни поради кои понекогаш не се најдоброто друштво.

РАК

1) Нивните промени на расположение се неподносливи.

2) Знаат да кажат тешки зборови и никогаш да не признаат вина.

3) Може да станат толку зависни од вас што ќе ве следат поверно од сенка.

4) Како партнери, за кратко време сакаат сериозна врска, брак и семејство, иако и самите не се сигурни дали се подготвени за тоа.

5) Животот со нив може да стане монотон и предвидлив – ретко се согласуваат на нешто ново.

СКОРПИЈА

1) Неописливо се љубоморни и не признаваат никакви оправдувања по тоа прашање.

2) Со нив често нема да знаете како се чувствувате бидејќи се вешти манипулатори.

3) Знаат да ве игнорираат во целост, а ако некогаш заминат од вашиот живот, никогаш нема да се вратат.

4) Имаат многу тајни.

5) И најмалите несогласувања со нив прераснуваат во огромни расправии и конфликти.

РИБИ

1) Не се концетрираат во комуникација, па често мора истото да им го повторувате по неколку пати.

2) Тешко е да ги натерате да почнат нешто, а уште потешко е да го завршат во дадениот рок.

3) Често ќе ви се чини дека не се вклопувате во нивниот живот бидејќи постојано и драстично ги менуваат нивните планови за иднината.

4) Многу се пожртвувани за другите, но како нивен партнер тоа значи дека често ќе мора вие да се грижите за нив.

5) Преголеми идеалисти се и често имаат нереални очекувања од луѓето, па потоа се разочаруваат. Кога ќе почнат да се жалат не сакате да сте првиот човек до нив.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе