Google избриша 60 игри од Play Store поради порнографски реклами

Google избриша 60 игри од нивната апликација Play Store, од кои поголемиот дел беа наменети за деца, откако сигурносната фирма Check Point откри баг кој прикажувал порнографски содржини во игрите.

Некои од игрите кои го содржеле баг-от биле помеѓу најпопуларните и најсимнувани периодов, како што се Five Nights Survival Craft и McQueen Car Racing Game.

Како што опишале родителите, на нивните деца им се појавувале големи количини на порнографски содржини и слики кои се несоодветни за мали деца, па затоа и ги напишале критиките на Google Play, што потоа предизвика Google да ги тргне овие игри од нивната апликација.

Злонамерниот баг се вика Adult Swine, а компанијата Check Point вели дека оваа компјутерска грешка преку прикажување на непристојни и порнографски содржини сака да ги натера корисниците да инсталираат лажни безбедносни апликации.

„Ги тргнавме апликациите од Play Store, ги оневозможивме сметките на програмерите кои се одговорни за овој баг и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да ја одржиме безбедноста на корисниците“, рекоа од компанијата.

Кога злонамерен баг ќе влезе во телефонот, тој чека корисникот да го отклучи неговиот телефон и тогаш почнува со наштетување на софтверот. Обично ваквите багови ја кријат нивната икона за да биде потешко нивното откривање.

реклама

Мурињо го одржа зборот: Се сликаше со македонскиот новинар

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Цицлест четврток

Read more

Брак, развод или унапредување: Овие хороскопски знаци есенва ги очекува голема животна промена

Read more

Мобилни

Samsung го претстави новиот Galaxy S20 Fan Edition

Read more

Nokia претстави два нови смартфони со одлични перформанси

Read more

Познат датумот кога ќе биде претставен долгоочекуваниот OnePlus 8T

Read more

Apple подготвува изненадување за купувачите: Наскоро пристигнува iPhone 12 mini

Read more

Гик

  • filter

Samsung го претстави новиот Galaxy S20 Fan Edition

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА компонираше ѕвездена симфонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Успешно деби на роботот-чистач во Лондон

Читај повеќе
  • play_arrow

10 видеоигри кои го извлекуваат најлошото од нас

Читај повеќе

Откриен нов рекорд на најниски температури во северната хемисфера

Читај повеќе
  • filter

Nokia претстави два нови смартфони со одлични перформанси

Читај повеќе
  • filter

Apple ја отвори првата продавница што плови на вода

Читај повеќе

Јапонската компанија Fujifilm има лек со кој се крати лекувањето од COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Што би се случило доколку Сонцето би било помало од Земјата?

Читај повеќе