Google претстави поевтини верзии на смартфонот Pixel

Сите погледи периодов се насочени кон Google, кој на овогодинешната конференција за девелопери I/O ќе претстави неколку новитети. Еден од нив е смартфонот Pixel 3a, кој е буџетска верзија на моделот Pixel 3.

Google синоќа и официјално ги претстави новите Pixel 3a и Pixel 3a XL, кои веќе се достапни за нарачка и претставуваат поевтина алтернатива за флегшип моделот Pixel 3. Развивањето на нови модели со пониска цена е обид на Google за глобално проширување на пазарот на нивните телефони и привлекување на нови купувачи.

Новите модели од серијата Pixel чинат двојно помалку од нивните поелитни претходници. Моделот Pixel 3a со 5,6-инчен екран ќе чини 399 долари, додека нешто поголемиот 6-инчен Pixel 3a XL ќе чини 479 долари. Стандардните флегшип модели од серијата Pixel чинат од 799 евра па нагоре.

„Мора да се осигураме дека технологијата е во корист на мнозинството, а не е резервирана само за неколкумина. Забележавме загрижувачки тренд во телефонската индустрија. За да ја поседуваат последната и најсовремена технологија, луѓето мораат да плаќаат повеќе и повеќе секоја година“, изјави шефот на одделот за хардвер во Google, Рик Остерлох.

Двата нови модели се „штедливи“ верзии на Pixel 3 и немаат нови опции, карактеристики и функции. Телефоните изгледаат идентично, а од Google велат дека нивните камери ќе имаат подеднакво моќни камери како претходниците од производната линија Pixel.

реклама

УФЦ нокаут како на Зангиеф од Street Fighter

Read more

Конор Мекгрегор ја запроси Ди по 12 години врска

Read more

Најдобри вежби за стомачни мускули, научно докажано

Read more

Психопатите и нарцисоидните луѓе почесто не ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19

Read more

Мобилни

Google објави тизер за новиот смартфон Pixel – што да очекуваме?

Read more

Блогерите побрзи од Apple: Објавени фотографии од екранот на iPhone 12

Read more

OnePlus го претстави новиот смартфон Nord

Read more

Нови шпекулации: Apple во септември ќе го претстави најновиот iPhone

Read more

Гик

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Читај повеќе
  • play_arrow

SpaceX лансираше ракета со нови Starlink сателити

Читај повеќе

Богатството на Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари

Читај повеќе

На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари 5.000 години

Читај повеќе

Постапката за одобренија за 5G во Македонија ќе почне до крај на годината преку аукција

Читај повеќе

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Читај повеќе

Интерпол: Криминалците го користат COVID-19 за компјутерски напади на поголеми жртви

Читај повеќе

Вакцината на „Novavax“ против COVID-19 успешно произвела антитела

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонци измислија маска која преведува на осум јазици

Читај повеќе