Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажува сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на Бабуна, во поширокот атар на селото Оморани во неделата.

Србиновски раскажа како се случил нападот и како успеал да се спаси.

„Беше Благовец, го терав добитокот и едно време пред мене излезе мечка. Ме грабна за ногата и паднав на грб. Кога паднав, носев чизми. Ме фати преку чизмата и немаше што да правам. Не знам како се извлеков. Со десната нога ја мавнав и ме пушти, па пак ме фати за нога, а ја повторно ја удрив. Ми даде Господ сила, ја грабнав за уши. Ја држев можеби пола саат. Се исплашив ја држев. Потоа ја турнав и одма станав. Ме гледаше и заминав до колиба, нозете ми се укочија. Вечерта немаше никој, дури во понеделникот децата ме најдоа“, раскажа Србиновски.

Ангелов му рече дека ЦУК се обидува да го реши проблемот со мечките, кои ги има во поголем број. Нашата цел, рече Ангелов, не ни е да ги убиваме мечките, но оние кои напаѓаат треба да се отстранат.

Ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето, рече Ангелов.

Remote video URL
реклама

Официјално отворенa Нотр Дам – дојдоа Трамп, Зеленски, Маск, Мелони...

Read more

Падна Дамаск, Асад побегнал од Сирија со авион

Read more

Навивачите во Бундеслига: Клоп е „гробар на германскиот фудбал“

Read more

Кои се исламистичките бунтовници кои го соборија Асад?

Read more

Живот

Експертка ја откри вистинската локација за новогодишната елка во домот

Read more

Три најопасни жени во Зодијакот

Read more

Како ефикасно да ги отстраните дамките од лак за нокти од тепих?

Read more

Решете го сомнежот: Кога е идеално да се туширате со топла, а кога со ладна вода?

Read more
 

Магазин

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Читај повеќе

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Читај повеќе

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе

Како спиењето подоцна за викенд влијае на здравјето?

Читај повеќе