HBO објави нов трејлер за последната сезона на „Game of Thrones“
Чекање со месеци, неизвесност и исчекување на последната сезона на хит-серијата „Game of Thrones“. Наредниот месец, конечно ќе можеме да ѝ се израдуваме на премиерата на првата епизода, но дотогаш, ќе мора да бидеме задоволни со последниот трејлер.
Трејлерот несомнено ќе ги натера љубителите на серијата да бараат траги за иднината на нивните омилени ликови, но креаторите неколкупати досега повторија дека сите фанови треба да ги тргнат очекувањата на страна, бидејќи последната сезона е полна со изненадувања.