HTC пред банкрот: Отпуштаат 1.500 работници

HTC, до неодамна еден од најголемите произведувачи на смартфони со оперативен систем Android, се наоѓа на раб од пропаст.

Имено, тајванската компанија влезе во огромни финансиски проблеми, па сега најавуваат дека ќе отпуштат 25 отсто од работната сила, или околу 1.500 работници, со цел да го подобрат профитот кој константно опаѓа.

Тајванскиот произведувач на смартфони своевремено беше помеѓу десетте најголеми, но во последните неколку години едноставно ја загуби битката со конкурентите – Samsung, LG, а што е уште позначајно за нив, ја загубија и битката со кинеските ривали кои го преземаат се поголемиот пазар.

„Мораме да го оптимизираме производството во Тајван, па сме присилени на ваков потег. На тој начин ќе ги распределиме ресурсите и ќе им овозможиме на управата да се концентрира во понатамошните чекори“, изјавија од HTC.

Отпуштањето на работната сила би требало да се спроведе до крајот на септември, а ова е продолжение на големите проблеми во тајванската компанија.

Шпекулациите околу отпуштање на работници почнаа кон крајот на минатата година, кога околу 2.000 инженери на HTC беа префрлени во компанијата на Google, Alphabet, а тајванската компанија на тоа заработи 1,1 милијарди долари.

Меѓутоа, остана без вредни делови и дизајн, кој сега Google го продава со ознака „Powered by HTC“.

Отказите се всушност логичен расплет на настаните, после константниот пад на продажбата и профитот. Во однос на минатата година, сега приходот на HTC забележа пад за 55,5 отсто, а продажбата за 46,7 отсто.

HTC, кога Android како платформа штотуку се развиваше, го доживеа својот врв. Нивниот модел HTC Desire беше еден од најпопуларните телефони на оваа платформа.

Меѓутоа, од година во година компанијата забележува големи падови, а сега како што стојат работите, се чини и дека се близу до банкрот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе