Илјадници евакуирани во поплавите на источниот брег на Австралија

Илјадници лица се евакуирани од западниот дел на Сиднеј и средниот северен брег на Нов Јужен Велс, бидејќи поројните дождови и денеска продолжија да паѓаат во оваа источна австралиска држава, јавува DPA.

Утринава беа пуштени 40 предупредувања за поплави и 20 наредби за евакуација од средниот северен брег надолу кон регионот Илавара, на околу 600 километри јужно, вклучувајќи го и западниот дел на Сиднеј, а се очекува во текот на денот да бидат објавени уште вакви предупредувања и наредби, додава германската агенција.

Од поплавените подрачја веќе се евакуирани илјадници лица и околу 54.000 жители може да бидат зафатени бидејќи Нов Јужен Велс се соочува со уште најмалку два дена поројни дождови, изјави денеска сојузниот министер за управување со вонредни состојби, Дејвид Литлпруд.

– Зборуваме за закрепнување, но ни требаат уште 24 до 48 часа да поминеме низ ова, изјави Литлпруд за програмата „ДенесЗ“ на Канал 9.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, изјави дека вкупно околу 18.000 лица се евакуирани од своите домови, од кои 15.000 се во некои области околу Порт Меквари, каде за шест дена се регистрирани речиси 900 милиметри паднат дожд на метар квадратен.

Останатите 3.000 евакуирани лица се од западниот дел на Сиднеј, околу системите на реките Непеан и Хоксбери, изјави Береџиклиан пред новинарите, додавајќи дека постои загриженост и за ситуацијата што се развива во регионите Илавара и Јужниот Брег.

– Никогаш не сум видел врнежи од дожд како овие. Сум работел при голем број поплави, а оваа е најголемата во мојата кариера, изјави надзорникот на Државната служба за вонредни состојби (СЕС) на Нов Јужен Велс, Шејн Криб, за националниот радиодифузер ABC,  зборувајќи конкретно за ситуацијата во пристаништето Меквари.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе