УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Инѕаги: Со Ливерпул веројатно го одигравме најдобриот натпревар сезонава

Италијанскиот шампион синоќа одигра маестрална партија против моќниот Ливерпул, но за тоа не беше награден со добар резултат, напротив, натпреварот заврши со убедлива победа на Англичаните од 2:0.

Предводникот на Интер, Симоне Инѕаги, се најде во незавидна ситуација кога требаше да го коментира натпреварот. Од една страна неговиот тим одигра одличен натпревар, тактички се носеше рамо до рамо со избраниците на Јирген Клоп, на периоди доминираше, создаваше шанси, но на крајот победата ја однесе Ливерпул.

„Тешко е да се најдат зборови по таков пораз. Задоволен сум и горд на она што го одигра тимот. Демонстриравме добра игра. Нажалост не бевме наградени со голови кои ги заслуживме, а кога бевме при врвот на нашата игра примивме гол од прекин. Сепак, беше тоа прекрасна вечер. „Меаца“ беше зад нас од почетокот до крајот. Штета за резултатот, но ваквото однесување добро ќе ни користи во иднина“, рече Инѕаги говорејќи за Prime Video.

Резултатот беше отворен на 15 минути пред крајот кога по корнерот на Ендрју Робертсон на прва статива со глава мајсторски погоди Роберту Фирмину добивајќи го воздушниот дуел со Алесандро Бастони. Тоа всушност беше прв удар во рамките на голот од страна на двата тима бидејќи претходно ударите и од Интер и од Ливерпул завршуваа крај или над двата гола.

Потоа во 83. минута Мохамед Салах налета на една одбиена топка и со помош на Марцело Брозовиќ ја протна во домашната мрежа. Фактички, Ливерпул од двата удара во ракмите на голот на Самир Хандановиќ постигна два гола.

„Ливерпул е еден под најдобрите тимови во Европа. Мојот Интер влезе рамноправно со нив и заслужи повеќе. Ваквата игра мора да ни даде самодоверба и мислам дека веројатно беше наш најдобар натпревар сезонава, имајќи го предвид квалитетот на противникот“, додате тој.

„Тешко е да се коментира по ваков резултат, но знаеме дека тоа се случува во фудбалот. Мора да излеземе со самодоверба по ваква игра, тоа може да биде почетна точка за нас“, заврши Инѕаги.

Реваншот е закажан на 8 март на „Енфилд Роуд“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе