Иванишевиќ откри зошто се разидоа со Ѓоковиќ

Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ до неодамна, како причини поради кои повеќе не соработува со српскиот тенисер ги посочи заморот и исцрпеноста.

Ѓоковиќ неодамна на социјалните мрежи објави крај на нивната петгодишна соработка по слабиот старт на сезоната, а Иванишевиќ изјави дека „се умориле еден од друг“ и дека разделбата била неизбежна.

„Многу читам... Луѓето мораат да пишуваат, но никој не беше ни приближно блиску до погодување. Нема вистинска причина, вистинската причина е заситеноста. Ова беа исклучително тешки пет години, луѓето забораваат на короната и дека тој во еден момент беше светски негативец број еден поради невакцинирањето. Секогаш бевме во некој меѓучекор, некој министер го забрануваше, лудилото со Австралија... Имаше заситеност, материјален замор - и колата оди на технички ... И тој се умори од мене, а јас се уморив од него. Не можев повеќе да му помогнам, но направивме голема работа“, изјави Иванишевиќ во интервју за Sportklub.

Како што вели, сè започнало многу пред Индијан Велс, каде Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација против Нарди.

„Не дојде до разделба сега во Америка, никогаш тоа не се ‘случи’. Ако бидам искрен, тоа го почувствував на УС Опен минатата година. Како тренер, Вимблдон ми беше многу тежок, Алкараз беше подобар во крај и секоја чест за него, но еден-два бода... Америка беше неверојатна, ги освои Синсинати и УС Опен, и таму веќе почувствував дека крајот е близу, прашање беше дали на крајот на годината или некогаш оваа година... Можеби требаше да го направиме тоа лани, но по УС Опен го оперирав коленото, ме немаше шест-седум недели, се вратив за Торино, но веќе го имаше тој замор, комуникацијата“, заклучи Иванишевиќ.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Тенис

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more

Чешки тинејџер го сопре Ѓоковиќ на патот кон 100-тата титула во кариерата

Read more
 

Спорт

L’Equipe: Реал се однесува како разгалено дете

Читај повеќе

Пеп му честиташе на Ливерпул: Ни бегаат милијарда бодови, фантастичен тим се

Читај повеќе

Лазаров горд на играчите

Читај повеќе

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Читај повеќе

Конте: Сега сè е во наши раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Читај повеќе