НБА 2021/22

Јокиќ доби МВП за јануари и го среди Орландо

Ф.З.
/ 15.02.2022 / 08:33

Никола Јокиќ во пресрет на натпреварот меѓу Денвер и Орландо ја доби наградата за најдобар играч на јануари на Западот, а потоа тоа го демонстрираше на паркетот во втората последователна победа на својот тим.

Нагетс практично водеа цел натпревар и на крајот славеа со 121:111, повторно поради Јокиќ кој беше најдобар на паркетот, што сега му станува навика на секој натпревар. Воедно, секој триумф ги зголемува шансите Нагетс директно да се пласираат во плеј-офот, што драстично би им ја олеснило работата.

Српскиот центар повторно оствари дабл-дабл учинок: имаше 26 поени, 15 скока и 7 асистенции, но рака на срце и 5 загубени топки, додека неговиот удар не одеше како во претходниот период.

Погоди 10 од 26 од игра, што можеби е порака дека и тој е уморен и дека добро ќе му дојде Ол-стар паузата за да ги наполни батериите.

Remote video URL

Го следеа Вил Бартон и Џеф Грин со по 17 поени, Брин Форбс додаде 16, додека Хајленд со 14 и Гордон со 10 исто така беа двоцифрени.

На другата страна Вагнер водеше со 26 поени, а го следеше Картер со 25 поени и 12 скока, додека Гери Харис, поранешниот играч на Нагетс, натпреварот го заврши со 15 поени, 3 скока и 6 асистенции. Тој долго време беше омилена мета на Јокиќ, редовно му наоѓаше луди асистенции, а на крајот од натпреварот топло се гушнаа.

URL

Резултати:

Вашингтон Визардс - Детроит Пистонс 103:94
Бруклин Нетс - Сакраменто Кингс 109:85
Њујорк Никс - Оклахома Сити Тандер 123:127
(прод.)
Чикаго Булс - Сан Антонио Спарс 120:109
Миловоки Бакс - Портланд Треил Блејзерс 107:122
Њу Орлеанс Пеликанс - Торонто Репторс 120:90
Денвер Нагетс - Орландо Меџик 121:111
Јута Џез - Хјустон Рокитс 135:101
Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс 119:104

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе