Кафето помага во битката со вишокот килограми

Ново истражување покажува дека жените кои пијат четири или повеќе шолји кафе на ден имале во просек 4,1 отсто помалку телесни маснотии од жените кои не пијат кафе.

Група меѓународни истражувачи предводена од д-р Ли Смит од Универзитетот Англија Рускин во Кембриџ, ја испита врската меѓу употребата на кафе и телесната тежина кај жените и мажите. Научниот труд ги споредува податоците од Националниот центар за истражување на здравјето и исхраната на Центарот за контрола и спречување на болести во САД.

Резултатите покажале значителна пропорционалност меѓу пиењето повеќе кафе и намалената тежина.

– Кафето или неговите ефективни состојки би можеле да се вклопат во здравата стратегија за исхрана, за да се намали товарот на хронични заболувања поврзани со вишокот килограми, вели д-р Смит.

Конкретно, жените на возраст меѓу 20 и 44 години кои пиеле по две-три шолји кафе на ден, имале најниско забележано ниво на масно ткиво. Сепак, кај мажите овие параметри не се толку изразени. Кај мажите на возраст меѓу 20 и 44 години, кои пиеле по две или три шолји кафе на ден, масното ткиво е пониско за 1,3 отсто, а масните наслаги на стомакот се пониски за 1,8 проценти.

И Чао Као, научник од Универзитетот на Вашингтон, исто така смета дека луѓето треба да го додадат кафето во нивното мени, но покрај другата здрава храна. Секако, според него, другите фактори, како шеќерот и разните додатоци во кафето, го намалуваат тој ефект.

Значи, обидете се да пиете чисто кафе без шеќер и млеко. Сѐ е навика. На почеток промената ќе ви биде одбивна, но со тек на време ќе се навикнете. Упорноста долгорочно се исплати. Доколку ставате и шеќер и млеко, почнете постепено: прво исфрлете го шеќерот за вкусот да не ви се промени драстично, па тек потоа пробајте и без млеко.

Доколку сте вистински љубител на кафе, промената и ќе ви годи откако ќе се навикнете. Додатоците како шеќер и млеко го менуваат вкусот, а без нив ќе ја вкусите правата арома на кафето.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе