Како да се ослободите од утринската главоболка?

Главоболката по будењето е многу честа појава, а на многумина им го расипува утрото, а често и остатокот од денот.

Сигурно сте се запрашале што ја предизвикува утринската главоболка, дали е опасна и дали треба да се грижите.

На овие прашања одговори д-р Скот МекДугал, кој работи за порталот The Independent Pharmacy.

Вели дека мамурлакот е честа причина за главоболки, но доколку не сте ја поминале претходната вечер пиејќи, тогаш во прашање се други причини. За среќа, постојат голем број на можни решенија, сите во зависност од причината за проблемот.

Алкохолот е познат причинител за утринската главоболка, бидејќи предизвикува дехидрација на телото, што често се манифестира со главоболки. Исто така, нарушувањата на деноноќниот ритам (биоритми), несоницата, 'рчењето, апнеата (пауза во дишењето), чкртање со забите и прекумерното спиење може да бидат причинители за овој проблем.

Така, покрај штетната храна, најчеста причина за утринската главоболка е и нарушувањето на сонот. Деноноќниот ритам е, всушност, усогласување на работата на вашите органи со вашиот сон и будност. За да го решите проблемот со 'рчењето, апнеата и чкртањето, консултирајте се со вашиот матичен лекар. Тој/таа ќе ви го даде најдобриот совет што да правите понатаму.

„Лековите што ги земате, па дури и оние за болка, може да бидат причина за главоболка. Тоа се лекови како што се антидепресиви, опиоиди, триптани, парацетамол, аспирин и други“, вели д-р МекДугал.

Додава дека нема причина за грижа, но дека има работи на кои треба да се внимава.

„Ако болката е постојана и упорна, прво треба да размислите за промена на вашиот животен стил. Пијте помалку алкохол и кафе, а повеќе вода. Покрај тоа, средете го вашиот сон. Доколку ништо од тоа не помага, обратете се кај матичниот лекар“, заклучува докторот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе