Како да се спречи појава на инфекција на очите?

Исто како и проблемите со кожата и алергиите, инфекциите на очите се особено чести за време на сезоната на дождови, бидејќи тогаш во воздухот има голема количина бактерии и вируси.

Може да добиете конјунктивитис (пинфекција позната и како „розово око“), односно воспаление на конјуктивата. Оваа инфекција е заразна бидејќи може да се пренесе од едно на друго лице поради зголемување на концентрацијата на влага во воздухот. Обично се јавува како црвенило, оток, исцедок, чешање и болка.

Хордеолумот е исто така инфекција која може да биде многу непријатна. Укажува на воспаление на жлездите лоцирани во внатрешноста на очниот капак. Постојат неколку совети кои ќе ви помогнат соодветно да ги заштитите очите.

Не заборавајте редовно да ги миете рацете и избегнувајте да ги триете очите со прстите бидејќи содржат бацили кои предизвикуваат инфекции. Никогаш немојте со други луѓе да делите пешкир, марамче или слично.

Никогаш не нанесувајте премногу шминка на пределот околу очите. Исто така, бидете внимателни кога носите лажни трепки бидејќи бактериите се акумулираат околу лепилото. Многу луѓе што ги користат ги носат премногу долго или не ги отстрануваат доволно внимателно.

Remote video URL

Не користете хемиски производи што можат да направат повеќе штета отколку добро. Пијте многу вода и следете го правилото 20-20-20. Ова значи да правите пауза од 20 секунди на секои 20 минути за да го фокусирате погледот на нешто оддалечено 20 метри.

Спиењето со контактни леќи во очите го зголемува ризикот од инфекција на рожницата наречена микробен кератитис. Дури и ако користите леќи што може да се носат подолго, треба да бидете свесни дека одењето во кревет со кој било вид леќи може да биде потенцијално опасно. Ништо не ве кошта пред легнување да ги извадите леќите, секако за спиење не ви требаат.

Користете капки за очи само како што е наведено од вашиот лекар. Купувањето производи без рецепт во никој случај не се препорачува. Бидете внимателни и обидете се постојано да ги чувате вашите очи.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more
 

Магазин

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе