Како Караваџо хеленскиот мит го преточил во ремек-дело

Едно од најпознатите ремек-дела на Караваџо, „Главата на Медуза“, го отсликува застрашувачкиот последен момент пред смртта.

Познато дело, отсечената глава - „Главата на Медуза“, насликана на дрвен штит, се смета за автопортрет на Караваџо од неговите млади денови.

Според хеленскиот мит, секој што ќе го погледнел ова митско чудовиште в очи бил претворан во камен. Според митот, главата на Медуза ѝ ја отсекол јунакот Персеј, со помош на блескавиот штит на божицата Атена, за да го избегне директниот поглед на Медуза.

Караваџо го претставил моментот на штотуку отсечената глава, но глава која сѐ уште е свесна. Таа (или тој) штотуку станала свесна за својата смрт. Крв тече од главата, плач е насликан на устата, а змиите се неми сведоци на неизбежниот крај.

За изведбата на ужасното лице на отсечената глава на Медуза, моделот очигледно бил млад човек, а не жена.

Микеланџело Меризи, попознат под псевдонимот Караваџо, го насликал ова ремек-дело како подарок на големиот војвода од Тоскана Фердинандо I. Требало да биде составен дел од колекцијата Медичи во Фиренца, како конкуренција на Леонардо да Винчи, кој не бил меѓу живите веќе 80 години.

Медузата била насликана на дрвен штит, што алудирало на приказната за младиот Леонардо, кога татко му еднаш го замолил да украси еден штит. Леонардо отишол на поле, собрал змии, гуштери и инсекти и насликал хибридно чудовиште.

Дрвениот штит, секако, се однесува и на штитот од Атена, кој лукаво бил употребен за Персеј да ја измами Медуза.

Медичи ја користеле оваа иконографија за да ја величат својата воена моќ.

Медузата на Караваџо постои во две верзии, првата е создадена во 1596 година, а втората веројатно во 1597 година. Првата верзија, позната и како Муртула, по поетот Гаспаре Муртоли (починал во 1624), кој за неа напишал: „Бегај, зашто ако очите ти се скаменуваат од чудење, ќе те претвори во камен“. Ова дело се наоѓа во приватна сопственост.

Втората верзија, попознатата верзија, не е потпишана иако често се датира во 1597 година. Ова познато дело, кое ќе ве остави без здив со реалистичниот приказ, се чува во галеријата Уфици во Фиренца.

Името на Караваџо е синоним за барокното сликарство. Најпознат по неговото внимание на деталите со драматична употреба на кјароскуро (светло-темно), тој може да се нарече татко на тенебризмот.

Оваа техника ја направил доминантен стилски елемент, прикривајќи ги сенките и фиксирајќи ги субјектите во светли зраци на светлина. Неговите дела се едни од највлијателните за таа ера - имале големо влијание врз Петер Паул Рубенс, Жосеп де Рибера, Џовани Лоренцо Бернини и Рембрант, како и врз уметниците од следната генерација. Уметниците кои создавале под негово влијание се нарекувале караваџисти - како и тенебристи, т.е. „сенкисти“.

Техника на сликање кјароскуро

Или на италијански chiaroscuro, во превод значи светло-темно. Во уметноста, постои употреба на силни контрасти помеѓу светлината и темнината, обично смели контрасти кои влијаат на целата композиција на сликата.

Оваа техника создава илузија на тридимензионални објекти во просторот и ја дефинира формата преку контрастот помеѓу светлината и сенката.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе