Казна од 450 евра за турист кој јадел сладолед седнат на работ од фонтана во Рим

Турист од САД е казнет со 450 евра додека бил во Рим затоа што јадел и пиел додека седел на работ од фонтана.

55-годишникот во саботата околу 1 часот по полноќ седнал на работ од фонтаната и почнал да јаде сладолед, по што бил запрен од полицијата и казнет поради законите за заштита на спомениците, кои се наменети за одржување пристоен изглед на градот, пишува CNN.

La fontana dei Catecumeni, која е популарно место за средби во населбата Монти, е дело на Батиста Рускони и датира од 1589 година. Заштитена е со правила кои првпат беа воведени во 70-тите за да се зачуваат историските фонтани, статуи и други споменици. Ажурираните закони со фокус на одржување на „еколошкото уредување“ на градот се во сила од 2019 година. Околу фонтаната обично има лента за да не може да се седи на неа, но токму таа вечер лентата не била поставена.

Заштита од прекумерен туризам?

Правилата, покрај забраната за јадење, вклучуваат и забрана за консумирање алкохолни пијалоци на улица, организирање обиколки по кафеани со алкохолни пијалоци и капење во градски фонтани.

Локалната полиција соопшти дека извршила повеќе од 300 интервенции минатиот викенд. Полицајците може да изрекуваат казни, па дури и да им забранат на луѓето да влегуваат во одредена област во период од 48 часа. Оние кои ќе го повторат престапот може да добијат забрана до 60 дена.

Кога беа воведени овие правила, градскиот совет рече дека тие „се занимаваат со многу аспекти од градскиот живот, со особено внимание на почитувањето на уметничкото и културното наследство на главниот град“.

Правилата се во служба и на борбата против прекумерниот туризам, бидејќи Рим има проблем со премногу посетители. Пред пандемијата на коронавирус, околу 10 милиони туристи пристигнуваа во Рим секоја година.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе