Храна која го надополнува недостатокот на витамин Д

Бројни истражувања потврдија дека сонцето е главен предуслов за создавање на витамин Д во организмот, а речиси половина од светската популација има премалку од овој витамин.

Се препорачува 5 до 30 минути изложување на сонце за да се задоволат дневните потреби за витамин Д.

Мајк Ројзен, доктор од клиниката „Кливленд“, ја објаснува важноста на витаминот Д, особено за зајакнување на имунитетот. Недостатокот на витамин Д или неговото ниско ниво е забележлив кај постарите луѓе и хронично болните пациенти.

„Студиите покажаа поврзаност помеѓу ниската концентрација на витамин Д и инфекциите на респираторниот систем, но и пневмонијата, хепатитисот Б и Ц и ХИВ“, рече тој.

Докторката Александра Луис рече дека витаминот Д е неопходен за многу различни физиолошки процеси.

„Витаминот Д влијае на коските, го спречува воспалението, го подобрува спиењето и го подобрува функционирањето на срцето и мозокот. Неговата препорачана дневна доза за возрасен е помеѓу 600 и 800 IU дневно, а телото не може да ја добие таа количина само преку храната“, објасни таа.

Покрај рибата, за да се внесува витамин Д преку храната потребно е да се консумираат:

  • млеко богато со витамин Д;
  • житарици кои се збогатени со овој витамин;
  • печурките се извор на витамин Д.

Д-р Луис препорачува да се провери количината на витамин Д во крвта, а потоа врз основа на резултатите лекарите ќе препорачаат додаток.

„Без разлика на времето кое го поминуваме на сонце, треба да се консумира храна богата со витамин Д. Доколку сѐ уште го имате премалку во крвта, тогаш треба да земете додаток на витамин Д“, вели таа.

Советувајќи како да се внесе повеќе витамин Д, Американското здружение за срце и кардиоваскуларни болести наведе дека витаминот Д е најзастапен во лососот, туната и скушата.

Тагови
реклама

Орбан до Будимпешта Прајд: Ич не се ни мачете да организирате годинава

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Германија „ја смени песната“ за планот на Макрон за нуклеарно оружје

Read more

Здравје

Три евтини намирници кои го намалуваат холестеролот

Read more

Зошто утринското истегнување треба да ви стане навика?

Read more

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Read more

Која храна треба почесто да ја јадат жените во менопауза?

Read more
 

Магазин

Како кревањето тегови може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе

Три евтини намирници кои го намалуваат холестеролот

Читај повеќе

Што треба да јадете за здравје на цревата?

Читај повеќе

Зошто утринското истегнување треба да ви стане навика?

Читај повеќе

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Читај повеќе

Која храна треба почесто да ја јадат жените во менопауза?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите совршено пире од компири?

Читај повеќе

Шест едноставни навики со кои можете да го намалите крвниот притисок

Читај повеќе

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Читај повеќе