Кое сирење колку долго може да трае?

За да си го сочуваме здравјето и да се заштитиме од труење, често од фрижидерот фрламе сѐ што и малку ни е сомнително. Меѓу најчестите намирници што ги фрламе се сирењата. Експертите од порталот Tasting Table откриваат кое сирење колку долго може да остане во фрижидер.

1. Пармезанот, чедарот и другите тврди сирења, односно кашкавали, можат да издржат 2 до 4 месеци во фрижидер, доколку се неотворени. Но, по отворањето, доколку правилно се чуваат, можат да траат и до 6 недели. Ако на нив се појавила мувла, само отстранете го тој дел од овие кашкавали бидејќи остатокот може да се јаде, за разлика од, на пример, меките производи каде мувлата се шири и на местата каде што не можете да ја видите. Ако приметите дека се наближува рокот на траење, изрендајте ги и искористете ги за сосови, тестенини, пица и печен зеленчук.

Доколку сакате кашкавалот да го зачувате за некој нареден пат, можете да го замрзнете. Ќе биде добар до 8 месеци, но имајте на ум дека малку ќе го промени својот вкус.

2. Сирењата кои се наоѓаат некаде помеѓу тврди и меки, како на пример гаудата, можат да траат околу 3 недели кога се отворени и 2 месеца ако се неотворени. Најдобриот начин за овие сирења да траат е да ги замотате во мрсна хартија. Ова ќе направи да бидат свежи, за разлика од мотањето во проѕирна фолија која лесно ја задржува влагата која може да се собере помеѓу неа и сирењето, па лесно може да се развие мувла.

3. Меките сирења како фетата, моцарелата, горгонзолата или камемберот мора брзо да се изедат бидејќи во нив може лесно да се развијат опасни бактерии, како што е листерија. Доколку се неотворени, во фрижидер можат да останат до 2 недели. Можете и да ги замрзнете, но некои од нив, како моцарелата, по одмрзнувањето ќе ја загубат структурата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе