Кога се сака, се може: Буенос Аирес срушил куп згради за да направи авенија

Аргентинската престолнина уште пред 100 години се одлучила за огромен потфат: уривање на 20 блока полни со згради за денес да ја има преубавата авенија „9 де Хулио“.

Буенос Аирес пред и по авенијата (најгоре на сликата од десната страна на авенијата се гледа единствената зграда што не била срушена)

Проблемот со бетонската џунгла во Скопје не е вечен - има лек за тоа, а убав пример е главниот град на Аргентина. Поради порастот на населението, пред сѐ како резултат на имиграцијата од Европа, воглавно од Италија, Буенос Аурес бил пренатрупан со згради уште на почетокот на минатиот век, па локалните власти се одлучиле за голема промена. Идејата за огромна авенија која ќе му даде поголема флуидност на сообраќајот на градот се јавила уште во 1889 година и тоа од тогашниот градоначалник Франсиско Себер, инаку поранешен воен офицер. Иако само една година, еден месец и четири дена бил на функцијата (поднел оставка поради големата рецесија, наречена Паниката од 1890), оставил голема трага во аргентинската престолнина.

Дури во 1912 година идејата го минала Националниот закон 8.855, кој на градот му дозволил да почне со реализација. Но, местото каде денес се протега огромната авенија во тоа време било полно со станбени блокови, а бидејќи објектите не биле во државна или градска сопственост, поминале години додека локалната власт ја завршила експропријацијата за да може да ги сруши.

Конечно во 1933 година локалните власти почнале со рушење на 20 блока, комплетно, северно и јужно од познатиот Обелиск, кој и ден денес стои среде авенијата. Им биле потребни 3 месеци за да го срушат секој блок. Оставиле само една зграда, денес во неа е Министерството за социјален развој (зградата е препознатлива по муралот на Ева Перон). Сѐ останато, дури и згради високи 11 ката, било срушено за да се создаде новата авенија, инаугурирана во 1937 година.

Денот на инаугурацијата на авенијата, 12 октомври 1937

Авенијата „9 де Хулио“, односно во превод „9-ти Јули“, именувана по денот на независноста на Аргентина (во 1816 година), денес важи за најширока авенија во светот. Долга е 3 километри почнувајќи од населбата Ретиро на север до железничката станица Конструксион во истоимената населба на југот на градот. Авенијата има до 7 ленти во секоја насока и од двете страни е опкружена со паралелни улици со по две ленти. Низ центарот на авенијата минува еден од градските Metrobus коридори (БРТ). Помеѓу споредните улици и главниот пат има две широки посредини. На средина околу Обелискот го изградиле плоштадот „Република“ (Пласа де ла Република) во квартот Сан Николас, кој во 1962 година бил проширен во денешните димензии (0,5 хектари).

Авенијата кон крајот на 30-тите

Денес авенијата не само што е главна артерија на Буенос Аирес, туку и изобилува со зеленило. Така, некогаш бетонската џунгла среде аргентинската престолнина веќе 100 години како е една од најубавите авении во светот.

Remote video URL
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Read more

Архитектура

Кривата кула во Болоња треба да се реновира бидејќи може да се урне

Read more

Пловечки град на иднината: Засолниште за 40.000 луѓе во случај на природна катастрофа

Read more

Ретро-футуризам: Илон Маск гради мегабензинска станица со кино и ресторани каде ќе работат роботи

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе