За жал, сопствениците на дури 19 модели на Samsung не треба да се радуваат на новиот Android, бидејќи поддршката за нивните телефони наскоро завршува.

Иако Samsung го објави ажурирањето One UI 5.0 базирано на оперативниот систем Android 13 не толку одамна, многу корисници веќе чекаат за One UI 6.0. За жал, според листата од 19 телефони што беше објавена, нема сите да го дочекаат.
Тестирањето на новиот оперативен систем се очекува во јули или август, а како што објави веб-страницата Sammy Fans, ова се уредите кои нема да добијат Android 14:
Galaxy S10 Lite
Galaxy S20 FE
Galaxy S20 / Galaxy S20+ / Galaxy S20 Ultra
Galaxy Note 10 Lite
Galaxy Note 20 / Galaxy Note 20 Ultra
Galaxy Z Flip (LTE/5G)
Galaxy Z Fold 2
Galaxy A22 (LTE/5G)
Galaxy A32 (LTE/5G)
Galaxy A51
Galaxy A71
Galaxy Tab A8
Galaxy Tab A7 Lite
Galaxy Tab S6 Lite (2020)
Galaxy Tab S7 / Galaxy Tab S7+
Овие уреди веќе добија три големи надградби, од кои последната беше Android 13, односно One UI 5, а според политиката на компанијата, поддршката за овие уреди сега завршува. Ова, исто така, означува уште една голема пресвртница, бидејќи ова е почеток на крајот за најновите телефони Galaxy Note.
Како и да е, добрата вест е дека на сите флегшип телефони Galaxy лансирани по серијата Galaxy S21, како и на одредени телефони од средна класа, како што се Galaxy A53 и Galaxy A73, им се ветуваат четири години ажурирања на оперативниот систем и пет години безбедносни patches, па сопствениците на овие телефони не мора да се плашат дека следната година ќе ги видат нивните уреди на слична листа.
Ако се водиме од тековната надградба на софтверот, One UI 6 треба да пристигне најпрво на серијата Galaxy S23, по што следат моделите Galaxy S22 и сè уште ненајавените уреди на преклоп Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5, а потоа и сите други поддржани телефони. Едвај чекаме да се случи тоа, бидејќи Samsung вети дека оваа година ќе биде побрз од кога било во ажурирањата на софтверот.