Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Индустријата за паметни телефони моментално е во пад во однос на вкупната испорака на уреди, со двоцифрен пад во споредба со минатата година. Но, се покажа дека сегментот на телефони од врвна класа (500 долари / 465 евра и повеќе) го одбегна тој тренд.

Компанијата за следење на технолошкиот пазар Canalys откри дека сегментот high-end пораснал за 4,7% во споредба со минатата година.

Canalys, исто така, објави листа на топ 15 најпопуларни врвни телефони врз основа на резултатите од испораката на мало.

Очекувано, уредите на Apple iPhone го зазедоа првото место, па така iPhone 14 Pro Max, iPhone 14 Pro, iPhone 14 и iPhone 13 се најдоа на прво, второ, трето и четврто место. Другите два модели на iPhone – iPhone 14 Plus (шесто) и iPhone 12 (осмо) – го заокружија придонесот на Apple.

Samsung исто така помина солидно во овој сегмент како и Apple, со шест уреди. Најзначајно, Galaxy S23 Ultra го зазеде петтото место, победувајќи го iPhone 14 Plus. Друг значаен кандидат беше Galaxy Z Flip 4, кој заврши на десеттото место и исто така е единствениот телефон на преклоп на листата. Galaxy S23 (седмо), Galaxy S23 Plus (деветто), Galaxy S22 (12-то) и Galaxy S21 FE (15-то) исто така се најдоа на првите 15.

Конечно, Xiaomi 13 (13-то) и Huawei Mate 50 (14-то) беа единствените телефони кои не се од Apple или Samsung на оваа листа на најдобри водечки телефони во Q1 2023 година.

URL
реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Мобилни

Први информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“?

Read more

Apple започна со продажба на iPhone телефони произведени во Индија

Read more

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Read more

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Read more
 

Гик

Lego престана да произведува коцки од рециклирани пластични шишиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Робот на њујоршката полиција ќе патролира во метро станица

Читај повеќе

Google од јануари дефинитивно ја гаси основната HTML верзија на Gmail

Читај повеќе

Зошто некои астрономи тврдат дека зад Нептун се наоѓа неоткриена планета?

Читај повеќе

Шесте најголеми безбедносни „дупки“ во Android и како да ги избегнете

Читај повеќе

Први информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“?

Читај повеќе

Антиваксерите се помалку интелигентни, покажа огромна студија

Читај повеќе
  • play_arrow

Сондата на НАСА со примерок од опасен астероид стигна на Земјата

Читај повеќе

Windows 11 добива голема надградба, фокус на една функција

Читај повеќе