Кои се симптомите на мултипла склероза карактеристични за жените?

Мултипла склероза се смета за хронична, автоимуна, дегенеративна болест на централниот нервен систем. Нападот на болеста вообичаено се случува кај младите луѓе и за околу три пати е почеста кај женскиот пол. Во Македонија се регистрирани над 1.500 случаи, а секоја година се дијагностицираат околу 100 нови.

Личност со МС може да страда речиси од сите невролошки симптоми и знаци, вклучувајќи промени во чувствата како губење на чувствителност или морници, боцкање или отрпнатост (хипоестезија и парестезија), наслабување на мускулите, спазми, мускулни грчеви или тешкотии при движењето, тешкотии во координацијата и балансот (атаксија), проблеми во говорот (дизартрија) или голтање (дисфазија), проблеми со видот (нистагмус, очен невритис вклучувајќи фосфени или диплопија), замор, акутна или хронична болка и тешкотии со мочниот меур и дебелото црево.

Честа појава се и сознајното оштетување од различни степени и емоционални симптоми на депресија или непостојано расположение. Унтховиот синдром, влошување на постоечките симптоми поради изложеност на повисоки температури од вообичаените, Лермитовиот знак, електрична сензација која поминува низ грбот при виткањето на вратот, се особено карактеристични МС иако не се специфични. 

Симптомите на МС обично се појавуваат во епизодни акутни периоди на влошување (наречени повторувања, влошувања или напади), во постепено прогресивни влошувања на невролошките функции, или во комбинација од двете. Нападите на МС често се непредвидливи, се случуваат без предупредувања и без очигледни поттикнувачки фактори со стапка ретко над еден и пол годишно. Меѓутоа, на некои напади, им претходат заеднички предизвикувачи. Нападите многу почесто се појавуваат за време на летото и пролетта. Вирусни инфекции како што се настинка, грип, или гастроентеритис го зголемуваат ризикот од напади.

Менструални проблеми

Истражувањата покажуваат дека некои жени во текот на менструацијата имале засилени симптоми на мултипла склероза. Ова може да биде поради падот на естрогенот во тој период. Симптомите се: слабост, нерамнотежа, депресија и умор.

Симтоми поврзани со бременост

Истражувањата покажале дека мултипла склерозата нема влијание врз плодноста. Кај повеќето жени, симптомите на мултипла склероза се стабилизираат или подобруваат за време на бременоста, посебно по првото или второто тромесечие. Меѓутоа, вообичаено е симптомите да се вратат по старо по породувањето.

Менопауза

Истражувањата покажуваат дека кај некои жени симптомите се влошуваат по менопаузата. Како и кај менструалните симптоми, ова може да биде последица предизвикана од падот на нивото на естрогенот, предизвикано од менопаузата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе