Кој телефон е поиздржлив: iPhone 14 Pro Max или Galaxy S23 Ultra?

Од лансирањето на Samsung Galaxy S23 Ultra, заедно со остатокот од серијата Galaxy S23, различни рецензенти го споредуваат овој телефон со најдоброто од конкуренцијата.

Една таква споредба ни доаѓа од каналот Phone Buff, а во дуел беа Samsung Galaxy S23 Ultra и iPhone 14 Pro Max. Кој телефон е поиздржлив?

Тестот на каналот PhoneBuff има четири круга. Во првиот круг и двата телефона паднаа на грб. Како резултат на тоа, iPhone 14 Pro Max имаше скршено стакло на задната страна, а оштетувањата беа видливи и на леќата на задната камера, додека Galaxy S23 Ultra претрпе помали пукнатини.

Во вториот круг од тестот, iPhone 14 Pro Max помина малку подобро бидејќи рамката од нерѓосувачки челик доби помалку гребнатини по падот. Од друга страна, поголема штета претрпе алуминиумската рамка на телефонот Galaxy S23 Ultra.

Во третиот круг, двата телефона слетаа со лицето надолу на бетонската површина. Искршени беа екраните на двата телефона, но може да се забележи дека повеќе е скршен екранот на телефонот Samsung Galaxy S23 Ultra. Face ID на iPhone 14 Pro Max и ултразвучниот скенер за отпечатоци на Galaxy S23 Ultra работеа совршено добро.

Во четвртиот и последен круг, Samsung Galaxy S23 Ultra и iPhone 14 Pro Max паднаа со лицето надолу на метална површина од поголема висина отколку во претходните кругови. iPhone 14 Pro Max имаше значителни оштетувања, бидејќи недостасуваа делови од стаклото, додека камерите од двете страни покажаа некои знаци на оштетување.

По сите четири круга, Galaxy S23 Ultra доби 38 поени, два повеќе од iPhone 14 Pro Max.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе