СУПЕРКОПА ИТАЛИАНА 2022

Колку Суперкупот вреди за Милан и Интер?

Милан и Интер веќе се во Саудиска Арабија каде ќе ги вкрстат копјата во борба за првиот трофеј сезонава, популарната Суперкопа Италиана. Натпревар како за спортска така и за финансиска стимулација.

Закажан за среда (18 јануари) на „Кинг Фахд“ стадионот во Ријад, овој италијански Суперкуп ќе биде последен кој се игра во Саудиска Арабија согласно договорот со Лега Серие А од ноември 2018 година. Тој договор им даде на лигата и на клубовите финансиски бенефит, нешто што Милан и Интер се среќни што неделава ќе го добијат.

Како што наведува Calcio e Finanza, секоја Суперкопа вреди околу 7,5 милиони евра, со тоа што 10% од оваа сума оди кај Лега Серие А, односно 750 илјади евра. Останатите 90% (6,75 милиони) се делат помеѓу двата клуба кои се борат за пехарот, со тоа што победникот освојува само 500 илјади евра повеќе од поразениот. Така, освојувачот ќе се врати во Милано со добивка од 3,625 милиони, додека поразениот со 3,125 милиони евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by AC Milan (@acmilan)

Сумата од 7,5 милиони евра ќе беше помала доколку на натпреварот учествуваше клуб кој не е од големата четворка Интер, Милан, Јувентус или Рома, како што бараа Арапите во договорот, искажувајќи желба најреномираните клубови да се борат за пехарот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Inter (@inter)

Милан се избори за настап како освојувач на Скудетото лани, додека Интер поради триумфот во Копа Италија. Воедно, Интер е и актуелен освојувач откако лани го совлада Јувентус. Но, портади рестѕрикциите со ковид-пандемијата, тој суперкуп, како и оној во 2021 година, се играа во Италија без публика или со ограничен број на гледачи.

„Росонерите“ по 12-ти пат ќе играат за суперкуп пехарот, а досега го имаат подигнато 7 пати. Интер има еден настап помалку (ова му е 11-ти), како и еден триумф помалку (има 6). Милан последен пат триумфираше во 2016 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе