Конечно центарци добија подобрена апликација за разни услуги

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ денеска ја пушти во употреба најновата верзија на ПОЦ мобилната апликација со нови функционалности и значителни подобрувања на дизајнот и прегледноста.

Најголем новитет на апликацијата е Green Pay паричникот кој ќе им овозможи на корисниците на Green Pay платежната картичка да вршат трансвер на средства во зелената мрежа во реално време, надополнување на картичката од други платежни картички, увид на секоја трансакција и детален преглед на остварени средства при рециклирање на пластикомати. Мобилната апликација, исто така, ќе овозможува и емулација на Green Pay картичката, односно граѓаните ќе можат да ја користат како платежна картичка преку мобилниот телефон.

„Во изминатиот период со проектот 'И отпадот има вредност!' воведовме многу новитети за жителите на Општина Центар кои ги проширија услугите кои ги нуди претпријатието. За таа цел неизбежно беше да се направи нова верзија на апликацијата која ќе им овозможи на корисниците брзо, лесно и едноставно користење на сите наши услуги. Со новиот апдејт ги поправивме сите багови од старата верзија на апликацијата  и воведовме многу нови функционалности. Ние нема да застанеме тука, ќе продолжиме континуирано да работиме на развојот на апликацијата“, изјави Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Мобилната апликација нуди безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната, електронско плаќање паркинг, склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите, најавување на гостински регистрации преку новата Green Pay картичка, пријавување на оштетена урбана опрема на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија, електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, како и многу други поволности.

Веќе од денес апликацијата е достапна и на англиски јазик со цел странските граѓани да имаат можност непречено да ги користат онлајн услугите на претпријатието.

Мобилната апликација може да се преземе на Play Store и App Store. Со првото преземање на апликацијата сите корисници ќе добијат 2 часа бесплатен паркинг, додека жителите на Општина Центар ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на Green Pay картичката.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе