Конечно пристигна трејлерот за новиот „The Predator“
Филмската компанија 20th Century Fox го објави првиот трејлер за акциониот хорор „The Predator“, кој е продолжение на култната франшиза на режисерот и сценарист Шејн Блек преку која се прослави и Арнолд Шварценегер.
Во новиот филм нема да се појави Шварценегер, но според информациите кои ги добиваме од трејлерот, „The Predator“ ќе биде полн со акција и ќе ја измени приказната за „предаторите“ да изгледаат уште позаканувачки.
Премиерата на филмот е закажана за 14 септември оваа година.