Конте како Снуп Дог: Титулата ја посветувам на себеси

Стратегот на Интер, Антонио Конте, истакна денеска дека шампионската титула што сезонава ја освои со „сино-црните“ е најголемо достигнување во неговата тренерска кариера.

Конте претходно освојуваше титули со Челзи и Јувентус, но нагласи дека „скудетото“ со Интер е нешто посебно.

„Оваа титула без дилеми ја вбројувам меѓу најголемите достигнувања, бидејќи воопшто не беше лесно. Натоварив голем притисок врз моите плеќи кога дојдов во Интер. Работевме и по една година постигнавме нешто убаво и неверојатно. Сите бевме добри, јас, играчите и клубот“, изјави Конте.

Одговарајќи на прашање кому ја посветува титулата, Конте покажа со раката кон самиот себе.

„Ја посветувам на себеси, бидејќи не беше лесно во изминатите две години. Навистина морав да извлечам максимум од себеси. Имаше моменти кога се сомневав во своите квалитети, но бевме доволно силни да ги пребродиме сите тешкотии“, истакна италијанскиот тренер на клупата на Интер.

Ваквиот одговор потсетува многу на денес веќе легендарниот говор на раперот и активист за легализација на марихуаната Снуп Дог, при откривањето на неговата ѕвезда на Холивудската патека на славните во 2018 година.

„Сакам да се заблагодарам на себеси затоа што верував во себе. Сакам да се заблагодарам на себеси за тешката работа. Сакам да се заблагодарам на себеси за тоа што не земав слободни денови. Сакам да се заблагодарам на себеси бидејќи никогаш не се откажав“, рече Снуп Дог во говорот на свеченоста кога ја доби 2.651-та ѕвезда на Патеката на славните.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Фудбал

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Read more

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Read more

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Read more

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе