ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ КАМЕРУН 2022

Крвава победа: 8 загинати во стампедо пред стадионот во Јаунде

Неубави вести доаѓаат од Камерун. Синоќа пред напреварот на домашната репрезентација против Комори дошло до стампедо пред стадионот во кое досега се потврдени осуммина загинати меѓу кои и дете, а тешко повредено е бебе.

Камерун синоќа со 2:1 славеше над Коморските Острови и се пласираше во четвртфиналето од Африканскиот куп на нации, чиј домаќин е.

Но, победата ја засени стампедото кое се случило непосредно пред натпреварот и во кое, според камерунските медиуми, загинале 8 лица меѓу кои и едно дете, а околу 50 се пренесени во болница поради повреди. Се стравува дека бројката на загинати може да поране бидејќи некои од хоспитализираните се со тешки повреди.

URL

„Осум смртни случаи се забележани, две жени и двајца мажи во своите 30-ти, едно дете и едно тело кое семејството го зеде со себе“, соопштија од камерунското министерство за здравство.

URL

Меѓу тешко повредените е и едно бебе кое веднаш било пренесено во болницата „Месаси“ во главниот град Јаунде, околу 3 километри од стадионот „Пол Бија“ кој има капацитет од 60.000 гледачи.

„Дојде до гужва која резултираше со стампедо. Чекаме попрецизни информации за бројот на загинати во овој трагилен инцидент“, наведе организаторот на првенството.

Натпреварот се одигра без закаснување, а многумина ги запрепасти тоа што натпреварот се играше како ништо да не се случило. Инаку, Камерун едвај победи со 2:1 иако Комори настапија со лев бек на голот откако поради повреда нивниот прв голман не ни беше во комбинација, а неговите две резерви имаа коронавирус. Воедно, уште од 7. минута Комори играа со десетмина поради црвен картон. Камерун поведе со голот на Карл Токо Екамби во 29. минута, на 2:0 зголеми Венсат Абубакар во 70-тата, а во 82. минута Јусуф М'Шангама ја врати неизвесноста погодувајќи за 2:1.

Remote video URL

Во четвртфиналето Камерун ќе игра против дебитантот Гамбија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе