ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Кулушевски: За разлика од Серија А во Премиер лигата речиси и да нема фаули

Деја Кулушевски ги сподели своите први впечатоци од играњето на Островот и воедно направи мала споредба на фудбалот кој се игра таму со оној во Калчото.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло се пресели во Северен Лондон на 18-месечна позајмица за која Тотенхем на Јувентус ќе му исплати 10 милиони евра, а потоа доколку се реши да го откупи во 2023 година ќе искешира уште 35.

Тој во 2020 дојде во Јуве за 44 милиони евра од Аталанта, имаше солидна прва сезона кај Андреа Пирло, но потоа кубуреше со минутажа кај Масимилиано Алегри. Што се случи?

„Искрено, не знам. Понекогаш тоа се случува во фудбалот. Не најдов доволно простор и не можев да го постигнам она кое го имам во себе“, вели Дејан говорејчи за Sky Sport Italia.

„Животот продолжува. Доживеав многу убави моменти, особено минатата сезона. Имав добар крај на сезоната со освојувањето на Копа Италија против Аталанта“.

„Сега сум играч на Тотенхем и сум среќен. Овде како да играат друг спорт, многу побрза игра, поголем интензитет, повеќе шутеви и физичка игра. Овде фаулите практично како да не постојат“, рече тој за споредбата меѓу двете лиги.

Можеби малку избрзан заклучок на Дејан со оглед на тоа што по пристигнувањето во Тотенхем одигра само два натпревара и тоа по еден во Премиер лигата и ФА купот.

URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе