Лансирањето на роверот ExoMars е одложено поради рускиот напад на Украина

Европската вселенска агенција (ESA) се подготвуваше да го лансира роверот ExoMars, но имаше ново одложување.

ESA минатата година изврши тестирање на падобран наменет за мисијата ExoMars, но поради рускиот напад на Украина, лансирањето беше повторно одложено. ExoMars требаше да биде лансиран во текот на летото 2020 година, но и тогаш мисијата беше одложена поради пандемијата на коронавирус и технички проблеми.

На 28 февруари агенцијата истакна дека не се согласува со постапките на Русија и дека нема да соработува со оваа земја во мисијата за испраќање роверот во вселената.

„Жалиме за човечките жртви и трагичните последици од војната во Украина. Приоритет е да се донесат соодветни одлуки, не само за нашата работна сила во програмите, туку и за целосно почитување на европските вредности кои отсекогаш го обликувале нашиот пристап кон меѓународната соработка“, се вели во соопштението на ESA.

Вселенската агенција додаде дека целосно ги спроведува санкциите воведени кон Русија. Поради тоа што мисијата ExoMars е заеднички проект на ESA и руската вселенска агенција Роскосмос, европската агенција не може да продолжи со проектот.

Кога ќе се исполнат условите за продолжување на соработката и лансирање на мисијата ExoMars, роверот ќе бара органски молекули и знаци на живот на Марс. Планирано е роверот да биде лансиран наесен и да пристигне на Марс во 2023 година, но неизвесно е дали тоа ќе се случи.

реклама

Вести

Во Австралија откриени коски на летечки диносаурус со масивен јазик

Read more

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

НАСА по грешка објави видео од Меѓународната вселенска станица и предизвика многу шпекулации

Read more

Наследството на Централните Пангејски Планини: Како некогаш биле поврзани Европа, Америка и Африка?

Read more
 

Гик

Во Австралија откриени коски на летечки диносаурус со масивен јазик

Читај повеќе

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Читај повеќе

Нова студија открива: Дали видео игриците се добри или лоши за менталното здравје?

Читај повеќе

НАСА по грешка објави видео од Меѓународната вселенска станица и предизвика многу шпекулации

Читај повеќе
  • filter

Наследството на Централните Пангејски Планини: Како некогаш биле поврзани Европа, Америка и Африка?

Читај повеќе

Месечевата прашина може да помогне во производството на сателити, бази и сончева енергија

Читај повеќе

Ново откритие го менува разбирањето на праисторијата: Коњите биле припитомени многу подоцна отколку што се мислеше

Читај повеќе
  • filter

Apple на WWDC ги претстави најважните новитети, фокусот е на ВИ технологијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Call of Duty: Black Ops 6 ги враќа гејмерите во 90-тите

Читај повеќе