Далеку од вниманието на ЕУРО и Копа Америка се игра уште едно првенство

Филип Здравески
/ 16.06.2024 / 13:26

Европското првенство е веќе во тек, а наскоро почнува и Копа Америка. Но, далеку од очите на јавноста, на другиот крај на светот, се игра уште едно континентално првенство чии натпревари ретко се среќаваат дури и во билтените на обложувалниците.

Од дуелот Соломонски Острови - Вануату на отворањето

Во саботата рано утрината почна Купот на нациите, официјалното континентално натпреварување на ОФЦ, најмалата конфедерација членка на ФИФА која ги застапува репрезентациите од зоната на Океанија.

Се игра по 11-ти пат, а овој пат кодомаќини се Вануату и Фиџи. Поради пандемијата натпреварувањето во 2020 година беше откажано и никогаш не одиграно, па така, по 8 години пауза првенството конечно повторно се игра откако последно натпреварување беше во 2016 година кога победник беше Нов Зеланд, кој патем и е најтрофеен со 5 победи.

На 10 дена пред почетокот на турнирот репрезентацијата на Нова Каледонија се откажа поради големата криза која владее во земјата и немирите на улиците во главниот град Нумеа. Домородното население се крена на бунт против француската окупација и наметнатите закони од Париз кои не се во интерес на оригиналните жители, а ги фаворизираат колонистите.

Така, во саботата рано утрината по македонско време на стадионот „Фрешвотер“ во Порт Вила, главниот град на Вануату, пред 5 илјади гледачи домашната репрезентација со 1:0 ги совлада Соломонските Острови. Истиот ден требаше да игра и Нов Зеланд, но поради откажувањето на Нова Каледонија оваа А група остана со три учесници.

Remote video URL

Денеска утрото во рамки на групата Б прво Тахити со 2:0 ја совлада Самоа, а потоа другиот домаќин, Фиџи, со 5:1 ја преслуша Папуа Нова Гвинеја.

Ако ги погледнеме составите на репрезентациите, тие воглавно се непознати за нас. Ретко се наоѓа по некое препознатливо име, а такви се бројат на прсти од само една рака.

Едно такво е веројатно препознатливо за страстните гледачи на Серија А. Од редовите на Емполи за Нов Зеланд настапува левиот бек Либерато Какаче, кој изминатава сезона запиша 31 настап во Калчото. Иако роден во Нов Зеланд, двајцата негови родители се италијански имигранти. Тој е дефинитивно најпознато име на овогодинешниот Куп на нациите.

Либерато Какаче во дресот на Емполи

Кај Соломонските Острови има играч кој на клупски план настапувал за мостарски Вележ од Босна и Херцеговина. Рафаел Леа'и нам не ни е познат, но Босанците сигурно го имаат запомнето откако во септември си заминал во татковината со изговор дека е многу носталгичен по родниот крај. Леа'и до крајот на изминатава сезона фигурираше како играч на Вележ иако воопшто не беше достапен за играње. Месецов конечно му истече договорот и потпиша за австралискиот Аделејд Сити. За Вележ има вкупно 13 натпревари, 2 гола и 2 асистенции.

Рафаел Леа'и во дресот на Вележ

За репрезентацијата на Самоа настапува синот на австралиската легенда Тим Кејхил, напаѓачот Киа Кејхил. Има 21 година, роден е во Лондон во времето кога татко му играше за Милвол. Киа игра за Самоа бидејќи неговиот татко по мајчина страна е Самоанец.

Киа Кејхил во дресот на Самоа

Во редовите на Тахити има играч кој е член на Ле Авр од француската Лиг 1. Се работи за десниот бек Матео Дегрумел, кој со своите 20 години има настапи само за Б тимот на овој клуб.

Матео Дегрумел

Репрезентациите можат да пријават по 23 играчи, а Соломонските Острови и Тахите се со најголем број играчи од домашната лига, дури по 21 играч односно 19 и само 2 кои настапуваат во странство. Интересно, селекторот на Тахити понесе 21 играч на првенството иако можеше да пријави 23.

Тотална спротивност е Самоа, која има само 5 играчи од својата лига. Најмногу играчи доаѓаат од новозеландската лига - 28, од соломонската има 22, па следуваат лигите на Тахити (19), Фиџи (18), Вануату (17), Папуа Нова Гвинеја (16). Најмногу играчи од лиги вон зоната Океанија доаѓаат од австралиските лиги и тоа 15, а 5 играчи се од лигите во Англија.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Фудбал

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Read more

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Read more

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Read more

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе