Леклер ќе загуби пет позиции на американското Гран при

Ф1
МИА
/ 19.10.2022 / 15:51

Раководството на Формула 1 тимот на Ферари одлучи да монтира нов 6-цилиндарски мотор на болидот на Шарл Леклер. Оваа вест ја објави италијанската верзија на Motorsport.

Италијанскиот тим одлучи да го снабди Леклер со мотор со иста спецификација кој ќе се користи во текот на сезоната 2023 година.

Дваесет и петгодишниот Моначанец поради ова ќе добие казна со губење пет места на стартот на трката за Големата награда на САД.

Забележано е дека Ферари ќе користи поагресивни поставки за мапирање на моторот за да го процени потенцијалот на новиот ERS систем.

Од 2022 година ФИА воведе мораториум за модернизација на моторите до 2025 година.

По 18 трки сезонава, Леклер е трет во поредокот, со еден бод помалку од возачот на Ред Бул, Серхио Перес, кој е на второто место.

Ферари е на второто место во шампионатот за конструктори со 165 бода, зад Ред Бул.

Големата награда на САД ќе се вози сега од 21 до 23 октомври.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе