Левандовски, Шкринијар и Силва се причината поради која Мбапе сака да си замине од ПСЖ

Францускиот новинар Ромен Молина ја откри причината зошто Килјан Мбапе им е лут на челниците на ПСЖ, а тоа се трите ветени трансфери во текот на летниот преоден рок, од кои ниту еден не се случи.

Тој тврди дека челниците на ПСЖ му ветиле на Мбапе дека следната сезона тимот ќе биде посилен со тројца играчи: Роберт Левандовски, Милан Шкриниар и Бернарду Силва, но никој од нив не дошол и тоа е причината поради која Мбапе е разочаран од нивните ветувања.

Мбапе, наводно, сака да го напушти ПСЖ во јануарскиот преоден рок и кариерата да ја продолжи во друг клуб, а во последните денови добива многу критики за неговото однесување, поради што многу познати фудбалери го критикуваа дека се однесува „како дете“.

Мбапе досега одигра 229 натпревари за ПСЖ и постигна 182 гола, што го прави вториот најдобар стрелец во историјата на клубот, зад Уругваецот Единсон Кавани.

Мбапе веќе сакаше да го напушти ПСЖ летоска бидејќи Нејмар автоматски ја активираше клаузулата во договорот и ја продолжи соработката со францускиот шампион до 2027 година.

На крајот, Мбапе сепак го продолжи договорот со парижаните, а за да остане во францускиот клуб беа мобилизирани сите национални ресурси, вклучително и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе