Ливерпул ќе ја исполни желбата на легендата која умира: Ериксон ќе биде тренер на еден меч

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул ќе му ја исполни желбата на легендарниот тренер Свен-Јеран Ериксон, кој умира.

Во јануари Ериксон (75) ја шокираше јавноста со објавата дека боледува од рак и дека му останува уште една година живот.

За време на неговата тренерска кариера, која траеше од 1977 до 2019 година, тој успешно ги водеше Рома, Бенфика и Лацио со кои освои осум трофеи, вклучувајќи ја и шампионската титула со Лацио по 26 години чекање. Но, неговата најголема желба остана неостварена - да биде тренер на Ливерпул.

Неодамна тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го повика да дојде на стадионот, да помине цел ден со првиот тим и да го води тренингот, но челниците на Ливерпул решија да направат навистина голем потег.

Ериксон е повикан да води тим од легенди на Ливерпул против Ајакс на „Енфилд“ на 23 март.

На Ериксон во работата ќе му помагаат легендите на Ливерпул, Иан Раш, Џон Барнс и Џон Олдриџ, а во составот на „Црвените“ ќе бидат дел од играчите кои ја освоија Лигата на шампионите во 2005 година, како Јержи Дудек и Џибрил Сисе.

Така, во последните денови од животот на Ериксон ќе му се исполни желбата да седне на клупата на Ливерпул, а овој потег на клубот наиде на воодушевување кај нивните навивачи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе