Мачор без уши стана ѕвезда на Instagram поради својот необичен изглед

Патејто е мачор на кој поради постојаните тумори морало да му ги извадат ушите, а благодарение на својот необичен изглед стана ѕвезда на социјалните мрежи.

Патејто (компир, од англиски potato) имал тежок почеток во животот како скитник во Кина, а Карл Леон и неговата сопруга првенствено посвоиле друга мачка, Хорлик, а подоцна се вратиле по неговиот пријател Патејто, кој тогаш сè уште ги имал двете уши.

„Патејто живееше како скитник во Кина со Хорлик и некои други улични мачки. Подоцна го прими една старица од Хонгконг, но за жал таа почина во 2016 година“, изјави Карл за локалните медиуми.

„За него се грижеше локалното засолниште за мачки. Во меѓувреме, јас и мојата сопруга ја посвоивме Хорлик, нашата прва мачка, во 2018 година. По неколку месеци решивме да посвоиме друга мачка, па повторно го посетивме засолништето и го избравме Патејто бидејќи тој е стар пријател на Хорлик“, додаде тој.

За жал, на Патејто му бил дијагностициран тумор на ушните канали и ушите. За среќа, слухот на мачорот бил спасен иако тој на крајот морал да биде подложен на тричасовна операција за отстранување на ушите.

Неговите сопственици правеле профили за своите миленици на социјалните мрежи, а Патејто ги освоил сите со својот необичен изглед.

„Мислам дека тој е посебен и носи позитивна енергија кај другите на Instagram. Верувам дека социјалните мрежи треба да бидат место за споделување среќа“, вели неговиот сопственик.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Read more

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more
 

Магазин

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе