Една од најдолгите саги ова лето сепак доби среќен крај.
Јошко Гвардиол е нов фудбалер на Манчестер Сити. Ова го потврди самиот клуб на својот официјален Twitter профил. Во најголемиот трансфер за стопер во историјата на фудбалот (90 милиони евра), хрватскиот фудбалер од редовите на Лајпциг се пресели во актуелниот шампион на Европа.
Twitter е преплавен со оваа информација, а тука се и првите фотографии...
Со овој трансфер Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во светот, откако најскап досега беше Хари Мегваер за кого Манчестер Јунајтед на Лестер му плати 87 милиони евра.
Од трансферот добро ќе заработи и загрепски Динамо, поранешниот клуб на Гвардил. Наводно „Модрите“ ќе инкасираат 10,5 милиони евра.