Манчини: Лесно ни беше на ЕУРО, затоа ќе се мачиме со Македонците за во Катар

Италијанскиот селектор вели дека освојувањето на ЕУРО 2020 било премногу лесно, па затоа сега „Аурите“ требало да се помачат за да дојдат до Мундијалот.

Роберто Мначини беше затекнат на еден настан утринава во Рим, па мораше да поразговара малку и за претстојниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар кој неговите избраници ќе го играат против Македонија.

„Момците беа одлични за време на Европското првенство. Веднаш почувствуваа спокој. Ни беше потребна и малку среќа, но алхемијата ни беше неверојатна“, рече тој.

Италија играше полетно и самоуверено летоска на континенталниот собир и апсолутно заслужено на крајот го подигна пехарот, иако во финалето за победата против Англија беа потребни пенали.

Потоа следуваше една сосема друга слика, една поинаква Италија која делуваше заситено и потценувачки према противниците во квалификациите за Мундијалот во Катар. Лошите резултати како ремито дома против слабата Бугарија, двете ремија против Швајцарија, а оној вториот со промашен пенал за победа, како и последниот натпревар и оние 0:0 во Белфаст кај Северна Ирска, ја оставија Италија без пласман во Катар испраќајќи ја во баражот во март.

„Некако сѐ мина многу лесно на тоа ЕУРО“, низ смеа вели Манчини, за потоа да додаде: „Ни беше потребна малку потешкотија“, алудирајќи на тоа дека до Мундијалот ќе мора да стигне преку потешкиот пат.

Италија на 24 март во Палермо ќе ја пречека Македонија во полуфиналниот бараж, а доколку победи потоа ќе мора да игра финален бараж на гостински терен кај победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе